Како и секоја зима, смогот и загадувањето во гадовите е главна тема во овој период. Бројот на штетните и канцерогени честички во воздухот се зголемува, па така и здравствените проблеми кај луѓето, почнувајќи од проблеми со дишењето, па се до проблеми со срцето. Сепак,една група луѓе би требало осообено да внимава, а тоа се бремените жени.

Имено, зголемената концентрација на сулфурдиоксид и ПМ 10 честичките на прашина и поголемата изложеност на истите, можат да предизвикаат проблеми во развојот на фетусот, што за жал, како краен исход може да има развој на потомство со срцеви аномалии.

Заради тоа, мудро би било доколку е можно бремените жени да отсуствуваат од работа во овој период. Всушност, како и повозрасните личности и децата, на сите бремени жени им се советува што помалку да прстојуваат надвор на загадениот воздух, како и строго да дишат преку нос, затоа што на овој начин колку-толку воздухот се филтрира и не оди директно во белите дробови. Исто така, за сите трудници се препоарачува, доколку е можно, да одат на повисоки предели и во планина, бидејќи таму воздухот е почист и квалитетот на воздухот е колку-толку задоволителен . Затоа трудници внимавајте- Загадениот воздух надвор е опасен по вашето здравје и здравјето на вашето неродено чедо!