Со стоење наместо седење ќе потрошите повеќе калории и потенцијално ќе ослабнете, открива новата студија. Истражувањето покажало дека со стоењето се согоруваат 0,15 калории во минута, што е повеќе отколку со седењто. Во оваа студија учествувале 1.184 луѓе, а просечниот учесник имал 33 години и тежел 65 килограми.

 

Шпанските и американските истражувачи откриле дека постои разлика во потрошувачката на енергија кога седиме и кога стоиме, како и дека 0,15 калории во минута повеќе се трошат кога стоиме. Овие ефекти се поизразени кај мажите отколку кај жените, а тие за шест часа тошат 54 калории само со стоење. Собрано во текот на целата година, тоа би можело да значи дека со стоење се губат околу 2,5 килограми годишно.

 

– Ако за шест часа стоење се трошат 54 калории повеќе отколку кога би седеле, тогаш долгорочниот ефект не е занемарлив – тоа се 10 килограми масти помалку за четири години, тестирано врз оние кои имаат 65 килограми – вели авторот на оваа студија.

 

Претходните студии ја споредувале работата на мускулите во седечка и во стоечка положба. Кога стоиме, мускулите повеќе се стегаат и истегнуваат за да и се спротивстават на гравитацијата и на самата тежина на телото.

 

И покрај тоа што докажале дека со стоење се трошат повеќе калории, научниците предупредуваат дека треба да се спроведе уште една студија за да се утврди дали долгото стоење може да му наштети на здравјето.

 

– Стоењето не само што согорува повеќе калории, туку работата на мускулите поврзана со помал ризик од срцев или мозочен удар, дијабетес, така што слабеењето не е единствена добра страна до стоењето – вели еден од авторите на студијата, професор Франциско Лопез Хименез. – Мислам дека резултатите од нашата студија се потценети, бидејќи кога луѓето стојат, прават спонтани движења како што е префрлањето на тежината од една на друга нога и прават мали чекори нанапред и наназад. Освен тоа, многу е важно да се одбегнува повечасовното седење. Стоењето е првиот добар чекор кон тоа – вели тој.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина