Неверојатно колку мали трикови можат да направат толку многу промени. Ако сте едни од оние кои се борат со бавен метаболизам, ви носиме пет многу едноставни трикови со кој метаболизмот се забрзува за повеќе од 100%.

1. Џвакајте

Сите ние џвакаме, но прашањето е колку долго и какви намирници. Затоа, обидете се да ги да ги јадете намирниците во нивниот изворен облик. Овошјето, зеленчукот, житарките од цело зрно и цела низа грицки ќе ја натераат устата да ви работи повеќе, а со самото тоа ќе го поттикнете метаболизмот побрзо и подобро да ја разградува храната.

2. Не занемарувајте ги протеините

На протеините им се потребни малку повеќе енергија за метаболизмот да ги разгради, но со малку протеини во секој оброк сигурно подолго време ќе се чувствувате сити, иако се е веќе распределено онаму каде што треба.

3. Помогнете му на своето тело

Додека чекате конечно да седнете на маса за да јадете, секој има минута-две време. Затоа, не бидете мрзеливи и не ја обвинувајте својата генетика за бавниот метаболизам – направете набрзина 10 склекови, стомачни и чучнувања – што и да ви падне на памет, и знајте дека освен што набрзина ќе согорите неколку калории, ќе ги поттикнете и метаболизмот и мускулите да работат побрзо и подобро.

4. Пијте повеќе

Водата и зелениот чај, кој е полн со антиоксиданси, навистина се вистински пријатели на метаболизмот.

5.Не нервирајте се

Дали сте свесни дека стресот е придвижувач на многу лоши нешта во организмот, а кога сме под стрес, метаболизмот работи побавно. Кога ќе ве совлада замор од работата, одморете се пет минути за некои едноставни активности. Слушнете ја омилената песна или прошетајте се. Или, ако се наоѓате сред стресен ураган, тргнете се на страна од се и малку соберете се.

Освен што паузата добро ќе ви дојде за да се оттргнете малку од стресот, во тие пет минути метаболизмот сигурно ќе се ,,стави во петта брзина,,.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина