Три трикови како да го зачините сексуалниот живот
Секс експертите ви нудат совети како да го ,,зачините,, сексуалниот живот. Тоа е добро, но секогаш има место за подобро, нели? Не треба да се плашите од промените, туку да ги истражите, па да видите што е тоа што одговара за вас и за вашиот партнер/партнерка, бидејќи тоа е рецептот за подобар сексуален живот, или, во овој случај – за ,,повалкан,,. Погледнете кои три тикови секогаш ,,палат,,.
1. Разговор
Многу експерти советуваат дека најдобро е прво да се разговара за ,,чудните,, сексуални желби кои ги имате, пред навистина да ги примените во креветот, затоа што нешто кое ве возбудува вас не значи дека го возбудува и вашиот партнер/партнерка. Започнете го разговорот со чаша вино, вечера или некое друго опкружување во кое се чувствувате пријатно. Прво дозволете и на другата половина да ги сподели своите желби, бидејќи на тој начин правите сето ова и во врска со она што тој или таа го сака. Кога ќе дојде ред на вас да ги поделите своите тежнеења, бидете самоуверени и позитивни. Ако бидете несигурни или исплашени, тоа може да се пренесе и на партнерот. Исто така, ставете им до знаење дека без разлика за која нова перверзија да станува збор, дека вие не го очекувате тоа секој пат, туку само онолку колку што тоа ќе одговара на нему/неа.
Ако идејата ви биде одбиена, бидете во ред со тоа, бидејќи караницата нема да го промени мислењето. Од друга страна, смиреноста при одбивањето може да доведе и до евентуална согласност.
2. Предигра
Заедничкото гледање на порно филм или читањето на некоја еротика може и двајцата да ве поттикне и да ве направи поотворени за нови идеи. Вашата друга половина можеби е веќе заинтересиран/а за нови нешта, но никогаш не ги споделил/а со вас, а полесно му/е да се отвори кога заедно истражувате нешто и да признае што сака и што му/и се допаѓа. Кога ќе се договорите околу некои нови секс пози кои сакате да ги испробате, тогаш фрлете се на работа и истражете која секс поза за што е најдобра, со цел да не дојде до непријатности. Тука можете да ги вклучите и сексуалните играчки или помагала.
Доколку вашите фантазии не се исти, може да помогне ако ги поделите секс вечерите на ,,негови,, и ,,нејзини,,, па така ќе направите совршен компропис. И, секако, дамите се први.
3. Детали
Ако имате деца, тие можат да бидат причина вашиот ентузијазам за ,,валкани,, секси варијанти да спласне. Најдобро би било да ги оставите на една вечер да ги чуваат дедовците и бабите, а вие да се опуштите сами дома или да изнајмите хотелска соба на една вечер. Хотелот е добра идеја, бидејќи новото опкружување ќе ви помогне да се навикнете на новите нешта. Исто така, паметно е да се постават некои основни правила – колку кој е подготвен и до каде е подготвен да оди. Само на овој начин ќе бидете сигурни дека и двајцата ќе уживате и ќе се забавувате без да морате да застанувате на секоја минута и да се прашувате дали е тоа во ред?
На крајот на краиштата, имајте на ум дека вашата врска е далеку поважна од сексуалното искуство кое го преживувате.