Покрај допаминот и серотонинот, врз расположението значително влијае и хормонот хипокретин, еден помалку познат невротрансмитер. Неговото ниво се зголемува во миговите на среќа, а се намалува кога е доминантна тагата, што е важно за подобрување на расположението и будноста, покажало истражувањето спроведено во Центарот за истражување на сонот на Универзитетот во Калифорнија, САД.

 

– Ова откритие би можело да постави нови темели и за лекување на психијатриски нарушувања, како што е депресијата. Во рамките на истражувањето, за првпат биле измерени и нивоата на важниот пептид, меланин – концентриран хормон. Ова е важно, бидејќи неговото ослободување е најмало за време на будност, а многу поголемо за време на спиење, што ги прави луѓето поспани – истакнал професорот доктор Џереми Сигел, раководител на стручниот тим.

 

Ова откритие ја објаснува поспаноста, како и депресијата која честопати е поврзана со поспаноста. За лекување депресија, болеста на сегашноста, се трошат многу депресиви, иако нивната употреба никогаш не потврдила намалено или повишено присуство на кој било невротрансмитер, појаснил доктор Сигел, истакнувајќи дека повеќе се работи за постигнат плацебо ефект.

 

Антидепресивите на поновата генерација го постигнуваат посакуваниот ефект воглавно кај болните со тежок облик на депресија. Затоа е важно подетално да се разоткријат хормоните на задоволството и на тој начин да им се помогне на оние со различни психијатриски проблеми.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина