Ronaldo_2

На сите им е познато дека Кристијано Роналдо освен со неверојатните фудбалски вештини, со кои заедно со Лео Меси целосно се издвојува од сите други фудбалери, се издвојува и по уште нештоа- една од најимпозантните градби на телото. Токму извајаното тело на познатиот португалски фудбалер освен воздишки од жените, му носи и за милиони евра, па слободно може да се каже дека како модел заработува исто така голема сума на пари и како што заработува кај својот работодавец – познатиот Реал Мадрид.

Тајната на Кристијано Роналдо е во тоа што тој ништо не препушта на случајноста и што е пред сè, голем работник со неверојатна дисциплина и челична волја. Тоа е причината зошто денес освен фудбалските вештини кои ги довел до совршенство, луѓето му се восхитуваат и поради неговите атлетски способности, па и самиот изглед, а за тоа дека е “звезда” од планетарни размери најдобра потврда е фактот дека тој успеа да го достигне”недостижниот” – Дејвид Бекам, целосно наследувајќи го на местото на модел на познатиот дизајнер Џорџо Армани.

Најголемата тајна на изгледот на Кристијано Роналдо се состои во тоа што тој постојано го одржува индексот на телесни масти под 10%, што е брутално напорна работа. Тренинг рутината на официјално најдобриот играч на светот содржи неколку часа вежбање, освен екипните тренинзи, што води кон вкупно 4-5 часа тренинг секој ден. Сето ова создава и повеќе од доволен калориски дефицит, кој го поттикнува топењето на мастите.

Значи, она што преостанува е тој детално да внимава на она што го внесува во својот организам. Јаглехидратите се обично внимателно “измерени” на тој начин да му послужат како гориво за време на напорните и исцрпни тренинзи, а нивната калориска вредност да може да ја покрие потрошувачката на енергија. Освен тоа, тој постојано внесува големи количини на протеини, како и неизбежните витамини и минерали кои се содржат во овошјето и зеленчукот. Роналдо јаде пет пати на ден и тоа:

  • Појадок: Интегрални житарки со цеден овошен сок
  • Ужинка: whey или некој друг извор протеини
  • Ручек: Пилешкo / друго месо со салата, тестенини со цели зрна (темни), печени компири / друг зеленчук
  • Ужина: туна
  •  Вечера: оброк сличен како ручекот

Една од “тајните”  на така извајаното тело на Кристијано Роналдо е и тоа што неговите кардио тренинзи освен самиот фудбал, генерално се базираат на вежби со интензивно и напорно темпо, овозможувајќи два пати поголемо согорување на масните наслаги. И за време на тренингот, но и во неколкуте часа после тренингот, се додека трае регенерацијта на ткивата.

За крај, треба да се осврнеме на можеби и најимпозантната мускулна група на неговото тело – челично тврди и неверојатно привлечни стомачни мускули.

Стомачните мускули се едноставно огледало на комплетниот животен стил, а кај Кристијано Роналдо се заради тоа што тој прави “илјадници стомачни вежби”, туку затоа што тоа е многу активен, троши огромна количина калории, а подоцна ги надоместува со квалитетни јаглехидрати, протеини и заситени масти. Неговите стомачни мускули изгледаат на тој начин заради комбинацијата на силен и жесток кардио тренинг и вежби за сила, како и поради тоа што прави различни вежби за зајакнување на јадрото, а никогаш не се базира на само една- на пример на стомачните мускули.