Тренингот вон теретана може да донесе многу полза, па ако ве прави среќни и активни, тогаш потрудете се колку што можете почесто да тренирате надвор. Сепак, бидејќи надвор нема многу справи за вежбање, тренингот многу често станува здодевен и монотон. Поради тоа е важно постојано да се освежува тренингот и да се прави поинтересен. Воедно ќе ги ..изненадите,, своите мускули, кои со тек на време се навикнуваат на еден ист тренинг. Пронајдете ја првата слободна клупа во парк и започнете да вежбате.

1. Подигање на колковите со помош на клупа

Првата вежба која ќе ја правите е подигање на колковите со помош на клупа. Потпрете се на клупата, така што грбот и рацете да ви бидат на седиштето од клупата. Нозете свиткајте ги во колената и потпирајте се само на едната нога. која ќе ви биде на земјата. Подигајте ги колковите 10 пати, а потоа сменете ги нозете и направете уште 10 повторувања.

2. Бугарски чучнувања

Правете ја оваа вежба така што грбот ќе го свртите кон клупата. Едната нога свиткајте ја во коленото и потпрете ја на клупата која е зад вас. Прстите треба да ја допираат клупата, така што петата да ви биде насочена кон нагоре. Кога ќе ја заземете оваа положба, спуштајте се во чучнување со испружени раце, малку задржете се така, а потоа вратете се во почетната положба. Направете 10 повторувања, а потоа сменете ги нозете.

3. Склекови со помош на клупа

Ова се склекови со подигнати нозе, што значи дека нозете ќе ги потпрете на клупата, а рацете ќе ви бидат потпрени на земја. Направете 20 вакви склекови.

4. Скалести скокови

Замислете си дека клупата е едно големо скалило на кое ќе вежбате. Наизменично ставајте ги нозете на клупата и правете склекови. При враќање во почетната положба, заменете ги нозете и повторно скокајте. Со нозете оттурнете се од клупата, за да направите колку што може поголем скок и користете ги рацете за повеќе да отидете во висина.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина