Има многу дезинформации во врска со суплементите(додатоците).Има една цела група на луѓе која говори за идејата дека не треба да земате суплементи, бидејќи има многу и во храната.Тоа може да е вистина, во прво време,но тоа и не е така лесно да се прави повеќе.

 

Храната во супермаркетите не е хранлива повеќе

Вам најверојатно ви е тешко да го најдете се она што му е потребно на вашето тело преку исхраната.Да кажеме дека си одгледувате свој зеленчук што само тој го приготвувате во исхраната,и сепак ќе ви биде тешко да ги добиете сите хранливи состојки од таа храна.Постојат многу фактори кои ја осиромашуваат храната од нејзините хранливи состојки, како што се:

  • Осиромашувањето на почвата
  • Индустриското производство на храна која нема хранливи состојки
  • Органската храна има 6 пати повеќе хранливи материи од онаа од супермаркетот

Затоа е тешко да го добиете се она што ви е потребно од храната. Голем дел од сличната храна која јадат луѓето овие денови,ги нема хранливите материите во форма која лесно се апсорбира.Така би можело да има многу нешта кои ве ограничуваат од добивањето на потребниот внес на хранливи материи.

Бидете разумни со суплементите

Од друга страна пак, вие не треба да бидете торба полна со додатоци.Вие навистина треба да внесувате одредни додатоци, но и да имате начин и план, што треба вие да земете. Има една лабараториска вежба каде што можете да се тестирате за да видите дали ви се потребни суплементи или не.

  1. Еден начин е преку тест на крвта,што ви овозможува да видите дали преку одзивот на одредени клетки имате доволно хранливи состојки или не.
  2. Вие всушност можете да ја естирате крвта, ако попрецизно го тестирате составот на црвените крвни зрнца.
  3. Можете да направите нешто што се вика органско- киселински тест.
  4. Направете тест на урината,каде ќе видите дали некои одредени нешта излегуваат преку урината.На тој начин ќе знаете дали хранливите материи се исфрлааат.

Постојат различни начини да се види дали ги добивате потребните хранливи материи во вашето тело.Се смета дека повеќето луѓе имаат недостаток на хранливи материи и покрај добрата и правилна исхрана.

vitamini-i-suplementi

 

Дали суплементите се добри?

И двете страни се добри, но јас мислам дека треба да се има добра и правилна исхрана и со тоа да ги внесете хранливите материи.Од друга страна пак, ако ви недостасува нешто кое ќе му помогне на вашето тело правилно да функционира,треба да земете суплементи(додатоци) во исхраната. Бидете разумни.Вие не треба да претерате со тоа,хранете се здраво и правилно, и можете да надополните со мулти-витамини или мулти-минерали.Подобро е да биде малку над отколку под нирмалниот внес на хранливи материи.Исто така може да внесете и некои извори богати со омега 3 масни киселини,од кој најдиректен извор е рибата, но исто така има и голем број на додатоци кои се богати со омега3,кои ги има во нашите продавници.Ги сакате додатоците кои се богати со омега 3 и омега 6 масни киселини, па ако знаете дека неможете да внесете доволно преку храната,земете суплементи кои ќе ви помогнат со тоа.

Исто така можете да земете и пробиотици повремено.Тие најверојатно треба да бидат основните суплементи.Билките и суплементите имаат свое место, и нам ни се потребни витамини и минерали кои се важни за функционирањето на човечкото тело.

 

Значи бидете разумни и на двете страни:

-Хранете се правилно и здраво и ќе ги добиете потребните хранливи материи.Ако тоа не е доволно, слободно можете да земете некои додатоци како витамини,минерали,омега 3 и омега6 масни киселини,пробиотици итн.Вие ја имате целосната контрола над она што се случува со вашето здравје и храната која ја внесувате.Затоа бидете внимателни и хранете се здраво.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз