Состојки:

За тесто:

100 гр. путер

175 гр. брашно

1 лажичка сол

1,5 лажици вода

За фил:

300 гр. брокула

3 јајца

200 мл. павлака за готвење

1 лажичка црн пипер

150 гр. рендан кашкавал

Подготовка:

Путерот исечете го на коцки и измешајте го со брашното. Додадете ги солта и водата и замесете тесто. Земете калап за торти, прекријте му го дното со хартија за печење и истурете го тестото (подигнете го до половина од страните на калапот). Оставете го тестото да отстои во фрижидер најмалку половина час. Потоа со вилушка избодете го на неколку места и ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180ºC околу 15 минути, колку да се запече.
За тоа време, од брокулата истргајте ги цветовите и ставете ги да се обарат 1-2 минути во зовриена и посолена вода. Потоа процедете ги и распределете ги врз потпеченото тесто. Јајцата изматете ги, додадете ја солта, црниот пипер и павлаката за готвење. Прелијте ја оваа смеса врз брокулата. Вратете го тестото да се пече уште 25 минути на температура од 180ºC.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина