Топла салата од хељда
Состојки:
- 200 гр. хељда во зрна
- 300 гр. брокула
- 1 чешне лук
- неколку маслинки полнети со пиперки
- 2 лажици соја сос
- маслиново масло
- сок од еден лимон
Подготовка:
Измијте ја хељдата, исцедете ја и оставете ја да се исуши. Пропржете, додадете вода во сразмер 2:1, поклопете и варете на лесен оган 20 минути.
Во друг сад пропржете го лукот на малку масло. Потоа додадете ја исчистената брокула разделена на цветови. Додадете вода, поклопете и пржете на умерен оган, се додека не омекне брокулата. На крај додадете ја хељдата и оставете уште неколку минути на тивок оган.
Пред да го тргнете од оган, зачинете со соја сосот. Маслинките исечете ги на кругови и послужет еги со хељдата и брокулата и се зачинете со лимоновиот сок.