Тобиас Кохлер, професор по урологија на Универзитетот по медицина Садерн Илиноис, открива што мажите не смеат да прават ако сакаат нивниот пенис да има здрав и функционален живот. Иако стручњаците дојдоа до заклучок дека мастурбацијата е здрава, тоа се однесува само доколку се практикува умерено. Имено, доколку таа често се прави, може да отече пенисот, а долгорочно да нанесе и поголема штета. Исто така, консумирањето на следниве намирници и честата примена на следниве навики може да доведат до сериозни последици врз овој орган.

Алкохол

Чаша – две вино или жестоки пијалоци се во ред. Но, доколку се консумира повеќе од тоа, нема да ве боли само ,,горната,, туку и ,,долната,, глава. Претераното консумирање алкохол може да доведе до дисфункција на половиот орган, односно може да откаже за време на..акција,,. Сте испиле повеќе пијалоци, доаѓате дома и се подготвувате за ,,акција,, со својата партнерка, но ерекцијата изостанува. Имено, алкохолот делува како отров ако не се консумира во умерени количини, а може дополнително да ве фрли во депресија. Неколку пива можат да ја засилат желбата за секс, но можат и да ве онеспособат за тоа.

Цигари

Колку повеќе пушите, шансите за добивање артериосклероза се поголеми. Оваа болест доведува до затворање на артериите, што може да доведе до губење на ерекцијата.

Лоша исхрана

Брзата храна може да се консумира одвреме – навреме, но не смее да се претерува со неа. Мастите буквално го ,,пренатрупуваат,, пенисот. А , исто така делува и врз хормоните и ерекцијата.

Премалку мастурбирање

Важно е да се нагласи: мора да сте умерени! Исто така како што не треба да се претерува со мастурбирање, така и не треба да се одбегнува. Треба повремено да се ,,вежба,,. Ако не работите на својата ерекција, пенисот може да се намали.

Нема оргазам

Ако можете да водите љубов и повеќе од половина час, но не можете да доживеете оргазам (иако ерекцијата е постојана) причина можат да бидат надворешните фактори, но и вашата психичка состојба, како што пренесува Американскиот институт за здравје. Ако можете да доживеете оргазам само со помош на мастурбација, веројатно се работи за психолошка причина. Стресот и депресијата можат да влијаат негативно на која била област во животот, па така и врз сексуалната активност. Може да станува збор и за лековите кои ги земате, па затоа во тој случај важна е консултација со својот доктор.

Преран оргазам

Прераниот оргазам е најчест проблем кој ги погодува мажите и може да биде фрустрирачко и за двата партнери. Но, постојат начини како да се одложи оргазмот, како што се вежбите за релаксација, престанок со пушењето и консумирањето дроги и алкохол. Докторот може да ви предложи вам и на партнерката техники за одложување на ејакулацијата, кои вклучуваат познавање и контрола на возбудата. Со користење на кондоми може да се намали чувствителноста, исто како што тоа може да се постигне со промена на позата.

Мало чешање

Сте користеле нов сапун или сте имале однос со непозната партнерка? Сето тоа може да биде причина за чешање. Доколку се работи за второво, задолжително треба да посетите доктор. Во спротивно, одржувајте ја хигиената и внимавајте кои производи ги користите за одржување на хигиената.

Изостанување на ерекцијата

Ова, пред се, е непријатна ситуација и за вас и за партнерката. Постојат одредени фактори кои можат да влијаат врз оваа состојба. Според истражувањето објавено во списанието Јournal of Sexual Medicine, вишокот на килограми, алкохолот и физичката неактивност можат да бидат причина за еректилна дисфункција кај многу мажи.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина