Многумина ќе се согласат со тврдењето дека најдобар начин за губење на килограмите е танцот. Вежбањето во теретана или фитнес со тек на време можат да станат монотони, но со танцот секогаш можете да откриете и да правите нешто ново, а притоа и добро да се забавувате. Губењето килограми со помош на танц е одличен спој на пријатното со корисното, бидејќи за време на танцувањето работат голем број мускули низ целото тело, кои преку напор ги согоруваат маснотиите. Не бадијала се вели дека танчерите имаат најубави обликувани тела. Женственост, сексуалност и горделиво држење, се само некои од епитетите кои ги опишуваат. Освен што можете да ги согорите маснотиите, со танцот ги зацврстувате мускулите, а добар е и за кардиоваскуларниот систем, бидејќи го јакне срцето и го снижува крвниот притисок.
Притоа, многу е важно да одберете соодветен танц. Апсолутно сите видови танци бараат големо трошење на енергија, а со самото тоа придонесуваат за активно согорување на калориите. А како резултат на тоа се добива витка фигура. Важно е да играте и да се чувствувате истовремено опуштено и пријатно. Самиот процес треба да биде забавен. Погледнете ги следниве танци и утврдете кој најмногу ќе ви одговара.

1. Шпанско фламенго

 

spansko-flamengo1

 

 

За да се чувствувате страствено, како врела Шпанка, ќе мора да се пријавите на часови по шпанско фламенго. Овој танц е одличен за слабеење и ќе ви помогне да ги зајакнете бутовите. Нозете стануваат витки и убави. Многу тешко е да се ослободите од мастите на рацете, вратот и горниот дел од телото, но шпанските ритмови овде се покажале како одлични.

2. Самба, румба

 

samba.rumba1

 

За да иматебразилски задник”, ќе ви помогнат латиноамериканските танци. Самба, рума, ча-ча-ча, салса и други. Овој вид на танци пред се ги зајакнуваат мускулите на задникот и нозете. Грбот ќе ви го направат силен и убав, а ќе ви го подобрат и функционирањет на срцето. Крвта побрзо циркулира, метаболизмот се подобрува и се согоруваат масти.

3.Стомачен танц

stomacen-tanc1

Многу жени имаат проблеми со масните наслаги на стомакот. Стомачниот танц може овој недостаток да го претвори во доблест. А во исто време ќе помогне да го обликувате стомакот. За време на стомачниот танц се активираат мускулите на стомакот, колковите, грбот и задникот. Поради стомачниот танц, ориенталните убавици имаат прекрасни колкови и тенка половина. Покрај тоа, стомачниот танц се смета за еден од најсексапилните танци и позитивно влијае на здравјето на жената.

4.Стриптиз танц

striptiz-tanc1

За оние жени кои се срамат од своето тело и кои имаат вишок килограми, уште еден одличен танц е стриптиз танцот. Овој вид на танц ги јакне сите мускулни групи. Тој ќе ви помогне да се ослободите од мастите и целулитот. Ќе ви даде самодоверба и ќе бидете поопуштени во кревет.

5.Тап танц (Степување)

tap-tanc1

Помалку сексапилен танц, но не и помалку ефикасен. Овој танц одлично ги јакне задникот и бутовите. Покрај тоа, развива чувство за ритам и слух.

6. Зумба

zumba1

 

Зумбата е танцувачка техника во која се комбинира динамична креација со елементи од латиноамериканските танци. Таа ги применува начелата на интервален тренинг со изменување на брзи и бавни секвенци. На едночасовен тренинг по зумба се согоруваат дури 500 до 800 калории. Предноста на овој танц е во тоа што не мора да размислувате за секој чекор. Со самиот танц тие стануваат се поспонтани, па така повеќето луѓе се чувствуваат како да се наѓаат на некоја добра забава.

7.Јога танц

joga-tanc1

Јога танцот помага за поголема подвижност на рбетот, го поттикнува крвотокот и ја јакне способноста за координација и концентрација. Се базира на терапевтски јога вежби и овозможува движење на сите 206 коски во телото. Со еден час вежбање јога танц можат да се согорат околу 400 калории.

7.Џез танц

jazz-tanc1

Џез танцот е модерна техника која влече корени од класичниот балет. Овој вид на танц помага при исправање на неправилното држење на телото, а за време на едночасовен танц можат да се согорат 300 калории.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина