Меѓу разните фитнес програми може да биде лесно да се загубите и тешко е да ја одбере вистинската. Погледнете го нашиот водич низ светот на фитнесот за жени, кој ќе ви помогне лесно да одберете вид на оптоварување која ќе биде по ваш вкус.

1. Аеробик

Аеробикот не ја има загубено својата популарност со децении. Сетете се на видео снимките кои покажуваат преубави жени облечени во трико, кои вежбаат разни вежби следени со весела музика. Главните предности на аеробикот лежат во фактот што во исто време го јакне кардиоваскуларниот систем и го зголемува вкупниот тонус на телото. Постојат неколку видови аеробик:

dance аеробик;
slideа еробик ;
step аеробик;
– аеробик во вода и др.

Најтешкиот дел е да се одлучите за еден од нив, бидејќи сите од овие опции се атрактивни и ефикасни. Многу добро се познати благодетите од аеробикот во заштита на срцето, но и за јакнење на белите дробови, снижување на крвниот притисок, зголемување на ХДЛ холестеролот во крвта, снижување на нивото на триглицериди во крвта и јакнење на имунолошкиот систем.

 

aerobik

2. Пилатес

Оваа област од фитнесот ја има осмислено Јосиф Пилатес пред 100 години. Пилатесот овозможува да се вежбаат сите мускулни групи, да се зајакнат лигаментите и да се подобрат координациите на движењата. Пилатесот е атрактивен, бидејќи ви овозможува да го применувате во фитнес клубовите, и дома. Програмите за вежбање се дизајнирани така што да ги развиваат сите аспекти на фитнесот: сила, издржливост, флексибилност, агилност и брзина. Покрај тоа, пилатес вежбите се безбедни за здравјето и не предизвикуваат повреди, па се погодни за сите возрасти.

 

pilates

 

3. Јога

Јогата не е само фитнес, туку е цела филозофија, сите елементи кои имаат цел самоспознавање и изнаоѓање на внатрешниот мир. Јогата опфаќа пракса која придонесува за духовен, физички и психички развој. Посебните пози за време на вежбањето јога ви овозможуваат да развиете флексибилност, изджрливост, флексибилност, сила, координација, да ја намалите напнатоста и да постигнете мир и спокојство. Долгогодишното искуство докажува дека вежбањето јога обезбедува долговечност и добро здравје во текот на целиот живот.

 

joga

 

4. Тае бо

Ако сакате динамичен тренинг, обратете внимание на правецот во фитнесот познат како Тае бо. Ова е комбинација од елементи на боречки вештини и аеробик, поточно таеквондо, тајландски класичен бокс, сите ,,спакувани,, во разни кореографии кои се изведуваат со атрактивна музика. Со помош на Тае бо не само што ќе се ослободите од вишокот на килограми и ќе ги затегнете мускулите, туку и ќе ги подобрите издржливоста, координацијата и прецизноста на движењата и ќе го зајакнете и кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа, познавањето на техниките на боречките вештини ќе ви помогнат да се одбраните во секоја ситуација. Тае бо треба да се вежба само под надзор од искусен тренер, зашто во спротивно можете да бидете сериозно повредени.

tae bo

5. Бодибилдинг

Бодибилдинг тренинзите се дизајнирани за градење на мускулите. Потребниот резултат се постигнува со употреба на разни стимулатори и тежини. Порано, бодибилдингот го сметаа за исклучиво машки спорт, но во последните неколку децении, идејата за женското тело се промени. Поради тоа, многу жени одат во теретана, бидејќи сакаат да добијат ,,коцки,, на стомакот или силни бицепси.

bodibilding

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина