Today-I-Decided-To-Achieve-My-Goals[1]

1.Немаате реални цели (10 кг за 1 месец не е реална цел)

Реални цели не се само да губите килажа, зашто многу луѓе не успеваат во тоа.

Решение: Поставете си мала но реална цел на губење од 1-3 кг месечно и рок до кога да го направите тоа, ако сакате да се држите долго ставите и залог на нотар и рок до кога тоа важи, во случај ако не успеете нека тие средства се донираат на организација што не ја сакате многу пример ВМРО или СДСМ :).

2.Не остануваате доволно долго и никогаш не ја почнувате целта.

Тоа е зашто рекламите за слабеење ви кажуваат дека вие може да ослабнете х килограми за многу кратко време, што ве обесхрабрува и вие се откажувате. А ако спаѓате во категоријата ќе почнам од понеделник или од утре, решението е да почнете од сега.

Решение: Размислете рационално кога поставувате цели, ако не функционира побарајте помош.

3.Не следите калории (50 % од луѓето преценуваат колку јадат, ако е 2000 калории, повеќе е 3000 калории)

Решение: Направете онлајн дневник на Myfitnesspal

4.Скокаате од програма на програма (програмата е направена да се следи не да скокате од една на друга, видете чекор 2 за колку време може да очекувате резултати)

Решение: Било која програма функционира ако сте посветени на неа, ако имате проблем со задржување на програмата, побарајте од професионално лице да ви напише програма и консултирајте се со него за решение на вашиот проблем.

5. Негативното размислување

Ако почнете со негативни мисли на сето тоа што мора да го направите, а не ги гледате позитивните работи како што ви следат вие никогаш нема да почнете и секогаш ќе ги окривувате другите за вашите проблеми.

Решение: Почнете со мали чекори и земајте гордост во тоа што сте го постигнале, запомнете дека болката е привремена, гордоста е вечна!

6.Вежбаат премногу или јадат премалку.

Ако вежбате премногу и јадете високо калорична исхрана, нема да ослабнете без разлика кои се вашите верувања за вежбањето и процесот на топење масти. На другата страна јадење премалку значи и забавување на метаболизмот ако идете доволно долго, по што добивате јо-јо ефект.

7.Јадете секаков вид на тренди храни

Убаво што се рекламираат како здрави, но дали ќе го добиете посакуваниот ефект ако конзумираате некоја мистична, тропска и анти оксидативна храна која само ви го празни џебот а не ви ги дава резултати што сте ги посакувале. (pixie dust)

Решение : Советувајте со професионално лице за креирање план за исхрана или следете калории за да ја постигнете целта.

8.Слушаат мислења на луѓе кој те обесхрабруваат

Брзо решение:  Поентата е да веруваш во тоа што си го зацртал, ако ти треба помош побарај од стручно лице. Игнорирај ги тие што те обесхрабруваат.

9. Гледање премногу телевизија или фејсбук.

Заменете ја телевизијата,интернетот со некоја книга или прошетка низ парк, со тоа ќе се чувстувате освежени и сигурни дека сте поблиску до целта.

10. Вие сте себични

Не верувате во помагање на другите, верувајќи дека е глупо да помогнете на другите.

Човечноста е да си помагаме помеѓу себе, да правиме добри дела и тие некој ден ќе ни се возвратат. Ако додадете вредност во животот на другите вие ќе имате поголемо задоволство во постигнување на вашите цели.

Решение: Не бидете себични.

Атлетикс Скопје