hrana_nas1Поврзаноста на личноста и храната е тема со која се занимаваат многу експерти, за да покажат дека преокупираноста со калориската таблица често оди на штета на вкусот и мирисот кој со време целосно го губиме и кон уживањето во храната стануваме индиферентни. Доктор Ален Хиршх, невролог и психијатар од Чикаго, спровел истражување и на примерок од 18 000 испитаници дошол до резултати кои го покажуваат односот на желбата за одредена храна и личноста. Јсно е дека желбите за одредена храна се само дел од она што не прави личност со одреден карактер, но како што исткнува Хиршх суптилните работи како што е вкусот на храната не се безначајни како што се мислело. Какви сме лесно можеме да заклучиме од нашите потреби за петте вкусови кои не треба да се менуваат, туку треба да се задоволуваат, но умерено и контролирано.

Солено сакаат успешните кои низ животот ги води разумот, а не срцето

Лицата кои чувствуваат желба за солена храна ретко го изразуваат своето мислење, но се исклучително енергични и одважни во критични ситуации, одлучуваат врз база на разумот, а не на срцето. Со оглед на тоа дека често на другите им препуштаат да им ги кројат приватните и бизнис-плановите, овие луѓе може да ги смири кесичка чипс или порција солен помфрит, а причина е тоа што имаат помалку минерали во организмот отколку што е потребно.

Благо-солено сакаат креативците и самотниците

Оние кои сакаат комбинација на слатко и солено најмногу сакаат да бидат сами, креативни се и сакаат да управуваат со сопственото време и просторот, не поднесуваат надреденост, а најмногу ја ценат приватноста. Честата желба за комбинација на овие два вкуса е знак дека во организмот има недостаток на гликоза и натриум.

Лутата и зачинета храна ја сакаат темпераментните

Темпераментните лица не губат време на неважни работи и сакаат лута и зачинета храна, и почитуваат редот и дисциплината, со неверојатна брзина извршуваат повеќе клучни работи одеднаш, а храната со засилен вкус ги смирува. Оваа храна ја забрзува работата на срцето и дишењето и мора да се внимава со нејзиното консумирање бидејќи создава зависност.

Благо сакаат сензуалните, хедонистите кои сакаат да живеат на работ

Лицата кои чувствуваат голема желба за темна чоколада сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува раскалашниот живот , додека во деловниот вет целат кон водечки позиции. Оние на кои предмет на желба им е млечната чоколада често се тивки и повлечени. Но, генерално земено, оние што уживаат во слатките работи се големи хедонисти и ретко жалат за пропуштените прилики. Чоколадото го стимулира лачењето на хормонот серотонин и е совршен десерт кој делува како антидепресив, а помага и при малаксаност, кога на телото му е потребно брзо будење.

Горчливото го сакаат мислителите и внимателните

Лицата што многу мислат одлучуваат врз база на разумот, а тешко се препуштаат на чувствата, па често им се забележува дека не се доволно стравствени. Такви се вљубениците во овој вкус кој е најмалку застапен во категоријата омилени вкусовИ. Горчливата храна го врамнотежува нивното студенило кое е на површина, но сепак во длабочината тие се кревки. Горчливиот вкус ги исполнува со благо незадоволство кое ги тера да одат понатаму и да ги видат работите онакви какви што навистина се, без розови очила.