Тиквицата е една од најдобрите летни намирници, бидејќи може да се подготви на сто начини. Хранлива е и полна со бројни минерали и витамини, а достапна е во текот на целата летна сезона.

Овој зеленчук е една од најдобрите намирници ако сте на диета и сакате да одржите витка фигура. Во 100 грама сирови тиквици има само 16 калории, а богати се со витамини и влакна односно со манган и витамин Ц, па се добар извор на магнезиум, витамин А, калиум, прехранбени влакна, фолна киселина, фосфор, бакар и витамин Б2. Поради диеталните влакна, но и витамините и минералите кои ги содржат, тиквиците го поттикнуваат исфрлањето на водата и штетните материи од телото, а и делуваат поволно на варењето и помагаат за одржување на витката линија.

Разладете се со тиквици

Овој зеленчук, како доматот, краставицата и пиперката, содржи премногу вода, па би требало да го јадете во што поголеми количини во летната сезона, затоа што брзо и лесно ќе ве засити, но и ќе ви помогне да се разладите и полесно да ги поднесете тропските жештини.

Чувари на очите

Со оглед на тоа што тиквиците се богат извор на витамин Ц и што содржат повеќе од третина од препорачаната дневна количина, тие благотворно делуваат на здравјето на очите, бидејќи овој антиоксиданс ги штити очите од оној вид оксидативно оштетување кое предизвикува болести како што е катарактата.

Штити од рак

Благодарение на витаминот Ц во себе, но и бета-каротенот, тиквиците штитат од рак, а најновите истражувања утврдиле дека фитонутритиентите во сокот на тиквиЦите имаат антиканцерогени својства, бидејќи ја спречуваат мутацијата на клетките.

Одлични за кардиоваскуларниот систем

Тиквиците изобилуваат со магнезиум, минерал кој го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, но и му помага на телото во одбраната од вирусните инфекции. Оваа намирница содржи фолна киселина, која му служи на организмот за разбивање на високото ниво на хомоцистеин, вид на аминокислеина која може да предизвика срцев удар или тромбоза. Калиумот со кој исто така изобилува оваа намирница, ја оддржува нормалната рамнотежа на телесни течности, го регулира крвниот притисок и работата на срцето, па последично го намалува ризикот од артериосклероза. Диеталните влакна поволно влијаат на кардиоваскуларниот систем, односно го намалуваат високиот холестерол.

Го поттикнуваат варењето

Нутритиентите кои ги содржат тиквиците делуваат благопријатно на здравјето на системот на варење. Високиот внес на прехранбени влакна во нив влијае позитивно на празнење на цревата, со што ги елиминира токсините од организмот.

Го чуваат здравјето на простата

Екстрактот добиен од тиквиците, се покажал многу ефикасен во ублажување на симптомите на бенигна хиперплазија на простатата, состојба која се јавува кај мажите после 60-та година, а која се карактеризира со болно и често мокрење.

Ублажува воспаленија и го намалува ризикот од гихт

Оваа болна состојба предизвикува прекумерна количина на мокрачна киселина во организмот. Тиквиците изобилуваат со омега – 3 масни киселини и каротени, кои поседуваат противоспалителни својства. Антиоксидансите витамин Ц и бета-каротен, освен во превенција од гихтот, ефикасни се и во лекувањето на астма, остеоартритис и ревматски артритис. Освен како намирница во исхраната, тиквиицте можат да се користат и како облог за ублажување на болките.

Против дијабетес и стрес

Тиквиците содржат и пектин кој превентивно делува против дијабетес и го реглира нивото на инсулин во крвта. Покрај тоа, оваа намирница е богат извор на витамин Б, но и на веќе споменатите магнезиум и фолна киселина, кои сите заедно го чуваат нервниот систем, но и помага во борбата против стресот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина