Од неодамна откриениот т.н. еспрес оперативен тест за крв помага да се одреди крвната група и да се идентификуваат разни болести кај пациентите. Овој брз за крв е корисен не само за лекување, туку и за борба против отпорноста на разни антибиотици. Тој не само што помага да се одбегнат несаканите ефекти предизвикани од земањето непотребни лекови, туку и ќе ја пресмета вашата отпорност на антибиотици. На тој начин ќе му покаже на докторот дали пациентот боледува од вирусна или од бактериска инфекција и врз основа на тоа тој ќе знае дали треба да препише антибиотици или не.

Обично, антибиотиците се припишуваат како мерка за претпазливост. Тестовите кои би покажувале дали се работи за вирусна или бактериска инфекција можат да бидат клучни во превенцијата за антибиотска резистенција. Досега, видот на инфекција можеше да се испита само со помош на примерок од крв кој се тестираше во лабораторија, а тоа може да потрае и до два – три дена.

Покрај тоа што предизвикуваат несакани последици, ако претерате со користењето на антибиотиците, бактериите можат да станат отпорни, а со тоа антибиотикот ќе стане помалку ефикасен. Сега сето тоа можеме да го откриеме само со едно боцнување на прст и земањето една капка крв. Врз основа на тој примерок може да се каже од што е предизвикана инфекцијата и дали бара или не примена на антибиотици. Овој тест го мери нивото на супстанцијата која се нарекува Ц – реактивен протеин (CRP) во крвта. Количината на овој протеин се зголемува кога телото се бори со бактериска инфекција, така што докторите ќе знаат дека, во случај на ниско ниво на овој протеин, непотребно е да се припишуваат антибиотици. Постои можност и резултатите од тестот да не бидат секогаш точни – нивото на овој протеин се зголемува и за време на воспаленија предизвикани од ревматичен артритис. Тестот е само дополнителна помош. Не може да се одреди дали пациентот боледува само од бактериска инфекција или и од некоја друга болест. Со тестот добивате резултати кои само гледани заедно со другите симптоми можат да дадат вистинска слика за состојбата на пациентот. Засега тестот се користи само во Велика Британија, и тоа како додаток на клиничките испитувања, а се очекува дури за две до три години да биде достапен ширум светот.

Научниците од Универзитетот Дјук во САД откриле дека гените реагираат различно кога се борат против разни видови инфекции. Тоа значи дека докторите ќе можат со овој едноставен тест на крвта да утврдат дали треба на пациентот да му препишат антибиотици. Така, на пример, повеќето респираторни инфекции ги предизвикуваат вируси врз кои антибиотиците немаат никакво дејство. Сепак, докторите ширум светот препишуваат милиони рецепти за кашлици и настинки. Здравствените стручњаци со години предупредуваат дека претераната употреба на антибиотици може да предизвика резистентност на бактериите и со тоа да не врати буквално во средниот век.

Овие наведувања ги потврдува фактот дека, на пример, во Велика Британија одделни видови салмонела и ешерихија кола се отпорни на последната генерација лекови, што значи дека и најмала инфекција може да биде смртоносна.

Сепак, антибиотиците во последните 60 години претставуваат главно средство во борбата со инфекциите, но ниеден нов антибиотик не стигнал на пазарот во последните 15 години. Новиот тест, кој е ефикасен и евтин, ќе може да го сопре растечкиот глобален тренд на отпорност на бактерите на антибиотици.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина