Одговорете искрено на овие прашања и проверете дали сте во форма:

1) Колку брзо можете да станете од кревет?
2) Колку време ви е потребно за закрепнување?
3) Дали можете да истрчате еден километар?
4) Дали можете да ги дофатите прстите на нозете?
5) Каква ви е концентрацијата?
6) Дали имате проблем да заспиете?

 

Одговори:

  1. Да се биде во форма значи да издржите поголем напор од вообичаениот, а притоа да не останете без здив. Редовното вежбање ќе го подобри капацитетот на вашите бели дробови, а полза ќе има и срцето, како и целокупниот оганизам. Ако можете да ги завршите сите дневни обврски и потоа да одите на тренинг без да имате чувство како да сте останале без здив, тогаш сте во добра форма.

  2. Иако многумина сметаат дека е поважно колкави тешки вежби правите, всушност е поважно колку време му е потребно на вашиот организам за да закрепне од напорот. Ако сте фит, вашето срце побрзо ќе закрепне.

  1. Трчањето е голем испит за вашиот кардиоваскуларен систем. Во суштина, трчањето е мерка колку е ефикасно срцето и колку белите дробови се во можност да го користат кислородот. Измерете колку време ви е потребно за да истрчате еден километар. Ако успеете да истрчате еден километар за помалку од 10 минути, во форма сте.

  2. Ако не можете да ги дофатите прстите на нозете стоејќи, без да ги свиткате колената, тогаш не сте во најдобра форма. Флексибилноста е важен дел од фитнесот и има врска со состојбата на нашите мускули. Вежбањето ја продолжува задната ложа.

  1. Ако имате проблем со концентрацијата и не можете да запомните се што ви треба на работното место, време е да тргнете во теретана. Редовната физичка активност ја потпомага меморијата и нашата способност да учиме нови работи и го зголемува производството на клетки во хипоталамусот, кој е одговорн за помнењето и учењето.

  2. Ако не можете да заспиете, дури ни по неколку часа одмор, веројатно не сте доволно активни. Истото важи и доколку се будите неколку пати во текот на ноќта. Нивото на хормонот за спиење, мелатонин, се одржува со редовно вежбање.

 

 

Тагови: Фитнес
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина