Денешниот забрзан начин на живот е проследен со бројни негативни емоции, кои оставаат последици врз нашето здравје. Стрес на работното место, напнатост поради насобрани обврски, страв од нарушено здравје, семејни несогласувања, немир поради финансиска нестабилност, тага – се само некои од безбројните чувства на кои не може да им се елиминира причината. Но, добра вест е тоа што емоциите и нивните последици можат да се држат под контрола.

Во последниве неколку години особено популарен е еден едноставен метод кој е и научно докажан дека помага во постигнувањето на духовна релаксација и внатрешен мир. Станува збор за техника која се нарекува ,,експресно пишување,,. Според многумина кои ја користат, таа е вистински мелем за ублажување на негативните емоции

Што преставува експресното пишување?

Под експресно пишување се подразбира запишувањето на личните мисли, чувства и искуства, односно изразувањето на најдлабоките емоции преку пишаниот збор. Наликува на пишување дневник, посебно за ситуациите кои се исклучително тешки и болни. Во последните 25 години големо внимание и се посветува токму на оваа терапија. Проучувана е низ повеќе од 200 студии, кои ги имаат потврдено нејзините позитивни ефекти на подобрувањето на психичкото, но и на физичкото здравје. Еден од првите истражувачи кој дал голем придонес на разбирањето и развојот на експресното пишување како метод за зачувување на психофизичкото здравје е светски познатиот професот по психологија на Универзитетот во Тексас, Џејмс Пенебакер. Тој спроведувал истражувања со овој вид на терапија врз луѓе кои имале доживеано емотивен стрес или некаков вид траума. И овој метод се покажал исклучително успешен. Според него, најефикасни резултати овој вид на пишување дава ако се применува без прекин 4 дена, во траење од по 20 минути. Во едно негово истражување учествувале студенти кои биле поделени во две групи. Првата група имала задача да пишува за сопствените животни трауми, а другата група пишувала за обични секојдневни теми. Во споредба со оние на кои им била зададена неважна тематика, студентите од првата група во следните шест месеци поретко посетувале доктор и користеле далеку помалку лекови од оние од втората група.

За да се спроведе оваа терапија не треба да се оди на доктор. Се спроведува дома, на клупа или во парк, на работнотот место или секојпат кога ќе почувствувате потреба. Важно е само сите мисли и чувства да се пренесат на хартија без премногу размислување, да се ослободат срцето и душата и да се ,,излее,, сето она кое го измачува човека и му ги одзема енергијата и самодовербата.

Истражувањата потврдиле дека овој облик на терапија помага да се елиминираат негативните мисли и емоции, да се намали стресот и мачнината, да се зајакне помнењето, да се подобри квалитетниот сон и да се ублажат симптомите на пост – трауматскиот стрес.

Во разни ситуации се потврдени позитивните ефекти од овој метод, како што се:

  • подобрување управување со емоциите

  • елиминирање на негативните мисли и анкциозноста

  • препознавање на нови сили

  • јакнење на силата
  • градење самодоверба

Кога станува збор, пак за физичкото здравје, експресивното пишување ја подобрува функцијата на црниот дроб и белите дробови, го намалува крвниот притисок, превенира или ублажува мигрена, астма, апнеа, несоница и тегоби кај варењето. Многу добро е познато и дека силно делува на имунолошкиот систем, што се одразува позитивно на општата здравствена состојба кај болниот (кај ревматски артритис, ХИВ, карцином).

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина