Ако посоти некој природен лек директно од дрво, тогаш тоа со сигурност се црешите. Овие вкусни плодови ги јакнат имунолошкиот систем, крвната слика, коските, им годат на срцето и крвотокот, како и на стомакот. Помалку е познато дека црешите се сметаат и за природно средтсво за ублажување на реумата. Имено, тие ја намалуваат мокрачната киселина и на тој начин го смируваат воспалението на зглобовите и болките.  Поради особините да го елиминираат вишокот мокрачна киселина, тие се одличен борец во борбата против гихтот и артритисот исто така. Се смета дека дури 20 цреши се за 10 пати поефикасни од аспиринот.

Исто така, се истакнува дека тие имаат и исклучително антиинфективно делување и дека се богата ризница на антиоксиданси, со тшо го забавуваат процесот на старењето. Иако составот на црешите е пресуден за нивната хранливост и влијанието врз здравјето, важна е и нивната боја. Во потемните цреши има повеќе антоцијаниди, кои имаат козметичко дејство. Фитохемикалиите одговорни за темната боја на црешите го јакнат сврзното ткиво и го спречуваат појавувањето на брчки, така што ги уништуваат штетните ензими кои ја прават кожата стара и набрчкана. Тие се ефикасни и во спречувањето на формирањето и таложењето на целулитот.

 

Инаку, без оглед на бојата, црешите со помош на заштитните киселини и овошниот шеќер ја поттикнуваат работата на стомакот, цревата и панкреасот и со тоа го подобруваат варењето. За тоа придонесува и богатиот уддел на влакна кој ги имаат во себе.

 

Црешите влијаат и на елиминацијата на вишокот вода од организмот, па затоа ги ослободуваат срцето и крвотокот и ги активираат црниот дроб и бубрезите. Освен тоа, бактериолошките супстанции во нив спречуваат создавање на наслаги на забите и така можат да спречат појава на кариес и проблеми со непцата. Еден грст цреши на ден придонесува за релаксација по напорниот ден и за подобрување на концентрацијата. На оние кои патат од камења во бубрезите или во мокрачните патишта добро ќе им дојде еден чај приготвен од дршките на црешите. Во еден литар вода се вари грст дршки и чајот се пие незасладен во текот на денот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина