Полчасовното вежбање со тегови пет дена во неделата го намалува ризикот од појавата на дијабетес кај мажите за дури 34%. наспроти тоа, едночасовниот полесен тренинг ја намалува опасноста од оваа болест за само 12%. Меѓутоа, најдобар ефект се постигнува со комбинирањето на аеробни и вежби со оптоварување, покажало повеќегодишното истражување објавено на Универзитетот во Копенхаген и на Харвард, бидејќи тие ја намалиле појавата од дијабетес за дури 59%!
 
Резултатите покажуваат дека вежбањето со тегови може да придонесе за подобрување на состојбата и да ги спречи заболувањата кај мажите, што е од посебна важност за оние кои не се во состојба да се занимаваат со аеробни вежби поради тоа што се повредени или имаат некои други отежителни околности објасни доктор Андрес Гронтвед, главен стручњак на обединетите истражувачки тимови.
 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина