Некои истражувања покажуваат дека тауринот како суплемент во исхраната може да ги зголеми атлетските перформанси, што објаснува зошто е една од главните состојки во многу енергетски пијалоци. Меѓутоа, поновите истражувања покажуваат дека тауринот може да го подобри и закрепнувањето на мускулите. Имено, научниците по случаен избор распределиле 21 испитаник во две групитаурин група и плацебо група. Две недели откако започнале со суплементација со таурин, испитаниците изведувале екцентрични вежби (по 3 серии до исцрпување, со екцентрични вежби до 80% максимум на едно повторување). Биле собирани примероци крв и се мерел крвниот притисок, и тоа на 1, 14, 16, 18 и 21 ден по започнување на суплементацијата.

Групата која земала таурин забележала зголемување на нивото на силата и намалување на нивото на воспаление кај мускулите. Маркерите за оштетување на мускулното ткиво, како што се нивото на лактатите на дехидрогенозата, активноста на креатинот на киназата и оксидативните оштетувања биле намалени за време на периодот на суплементација со таурин. Заклучокот од истражувањето укажува на тоа дека додавањето на тауринот во редовниот режим на исхрана претставува важен фактор во подобрувањето на перформансите и намалувањето на мускулните воспаленија и оксидативен стрес.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина