Посебно добра активност, која најмногу делува на одложување на стареењето, и на менталното и на физичкото, е танцот. Според објаснувањето на докторката Кетрин Рехфилд, физичката активност има ефект да го забавува и спречува опаѓањето на менталните и на физичките способности кои се вообичаени за стареењето.

 

Покрај танцот, и вежбите за издржливост се оние кои го зголемуваат оној дел од мозокот кој е најповеќе наклонет кон пропаѓање. Самото танцување е посебно корисно за оддржување или дури и за поправање на рамнотежата, пренесува “Неделник”.

 

Научниците за истражување одбрале 52 волонтери на старот од 63 до 80 години и ги поделиле во две групи; едната група се зачленила на часови по танцување, а другата група била спортска контролна група. Онаа група која танцувала имала постојани промени на кореографијата и се барало од учесниците сето тоа да го запомнат.

 

Програмата на спортската група вклучувала вежби за сила, издржливост и флексибилност. Кај двете групи било забележано зголемување на хипотаталамусот, дел од мозокот кој е најмногу склон кон пропаѓање поради стареење. Овој дел од мозокот е исто така задолжени за меморијата, рамнотежата и учењето. Кај оние кои биле во танцувачката група биле зголемени и деловите од левата страна на хипоталамусот, како и на посебниот дел од десната страна, наречен субикулум.

 

Танцувањето, посебно она проследено со промени на кореографиите,  е подобра активност од некои активности кои бараат повторувања, како што е возењето велосипед или одењето. Оние од танцувачката група, исто така, пуштал разни жанрови музика, додека танцувачката рутина ја менувале на секои две недели, и изведувале различни движења со рацете, формации, чекори, ритми и брзини. Многу е важно да се препуштиме на музиката и да не размислувате дали изгледате смешно, затоа што таа има терапевтски ефект и поттикнува задоволство и среќа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина