Кога станува збор за убавината, и филмските диви имаат свои мали тајни, кои ни малку не се спактакуларни, туку сосема едноставни, но многу ефикасни совети и рецепти. И тие, како и обичните жени, средствата за убавина честопати ги пронаоѓаат во своите кујни наместо на полиците на гламурозните продавници. На нивните листи се наоѓаат домашни маски од јаболки, јагоди, киви, компири или домати.

Сандра Булок

Сандра Булок ги обожава јаболките. Едно јаболко дневно и помага да ја зачува убавината одвнатре, додека за однадвор го трие лицето со кришки јаболка. Благодарение на природните јаболкови киселини кои ветуваат лесен пилинг, лицето и е свежо, мазно и сјајно.

Салма Хајек

Спротивно на очекувањата, Салма наутро не користи никакво средство за чистење на кожата на лицето и вратот, туку само ги мие со студена вода.

Шарлиз Терон

Шарлиз смета дека за нејзината привлечност најодговорна е русата коса, од која никогаш не би се откажала, бидеќи е свесна дека русокосите привлекуваат многу повеќе внимание од црнокосите, бринетите и црвенокосите.

Анџелина Џоли

Сознанието на Анџелина дека тајната на убавината на секоја жена се совршено нашминканите усни, таа најмногу внимание посветува на изборот на црвило за усни, кое по бојата треба да одговара на тенот.

Кетрин Зета-Џона

Кетрин привлекува внимание не само со својата убавина, туку и со насмевката. Тајната на нејзините бисерно бели заби лежи во прастариот рецепт на нејзината баба. Имено, таа еднаш неделно ги избелува забите со јагоди.

Џоди Фостер

Секогаш елегатна, Џоди Фостер смета дека косата е најубавиот украс на секоја жена, па затоа најмногу внимание посветува на својата рамна, мазна коса. Иако во текот на денот секогаш излегува ненашминкана, за вечерните излегувања по правило секогаш става темноцрвено црвило за усни.

Орнела Мути

Орнела Мути речиси никогаш не користи купечки козметички средства, туку ги подготвува сама. Нејзината тајна е природната маска од пасирани киви помешани со лажичка мед и малку јогурт. Маската се нанесува на лицето и се остава да стои 20 минути.

 

Натали Портман

Натали секој ден нежно втрива на лицето кришки сиров компир, кои не само што се ефикасни во борбата против акните, туку и ја прават кожата мазна и сјајна.

Синди Крафорд

Кришките компир се мала тајна за убавина и на една од најубавите жени во светот, Синди Крафорд, која ги става на очите за да се ослободи од подочниците и да ги ,,испегла,, ситните брчки. А, проблемот со целулитот го решава со свежо мелено кафе, кое го разредува со малку вода, го нанесува на критичните места и цврсто се замотува во проѕирна кујнска фолија

Камерон Дијаз

Камерон пилингот за лице сама го подготвува според еден стар рецепт од баба – млеко во прав помешано со вода.

Џенифер Анистон

Џенифер открива дека тајната на нејзината убавина се крие исклучиво во маслото за нега на бебиња, поради кое и самата има нежна и кадифена кожа.

Софија Лорен

Иако на прагот на седмата деценија, Софија изгледа одлично. Таа е вистинскса Италијанка кога се работи за убавината. Тајната на нејзиниот младешки изглед лежи во маската од домати, кои ги лупи, ги миксира и ги меша со една лажичка мед и малку маслиново масло. Ваквата маска ја држи најмалку половина час на лицето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина