Мудроста е нешто што може да се развие, а користа од нејзе е неопислива. Истражувањата покажале дека мудрите луѓе со текот на годините се се позадоволни од својот живот, бидејќи подобро се соочуваат со животните предизвици. Ви ги откриваме тајните на мудрите луѓе со помош на кои и вие ќе станете едни од нив.

1) Мудрите луѓе имаат многу искуство

Причината заради која што често се вели дека мудроста доаѓа со годините е таа што постарите луѓе имаат повеќе животни искуства отколку младите. А искуството е половина мудрост.

2. Тие впиваат како сунѓери

Не ве прави само искуството мудри, туку и она што ќе го научите од секоја нова ситуација. Сепак, многу луѓе и не учат нови нешта од оние ситуации низ кои поминале, ниту пак извледкуваат поука од сопствените грешки. Некои луѓе со секое ново искуство, на секое ново патување, во секое ново окружување, научуваат нешто ново, додека некои други поминуваат низ истото и не учат ништо. Дури и напротив- ги зајакнуваат сопствените стереотипи. Најважно е да ги впивате информациите од надворешниот свет , каде и да се наоѓате.

3. Мудрите луѓе му обрнуваат внимание на она што им е пред носот

Откако Њујорк Тајмс објавил статија за поврзаноста на годините и мудроста, еден од читателите напишал дек мудроста е едноставно сфаќање на очигледното. Мудрите луѓе знаат нешто, но не мора да значи дека знаат повеќе од некои други. Мудрите луѓе го препознаваат подлабокото значење на работите кои останатите ги гледаат површно и токму тоа е она што ги издвојува.

4) Мудрите луѓе медитираат

За да се запознаат самите себеси, за да ги запознаат луѓето кои се околу нив, кои околности се наоѓаат меѓу нив и како тие влијаат на нив, мудрите луѓе медитираат. Медитацијата е еден вид на самоистражување и долго се верувало дека е пречка до мудроста.

mudri luge1

5) Мудрите луѓе се развиваат за време на криза

Откриено е дека мудрите луѓе мајчесто преживеале некоја траума и успешно се избориле со неа. Во психологијата пости една цела област која е посветена на посттрауматскиот развој на личноста- истражување на начините на кои луѓето кои проживеале нешто страшно ги променило на подобро. Но, мудроста може да потекне и од решавањето на ситните проблеми- како што се на пример лош ден на работа или гжва во сообраќајот. Тоа се мали кризи, но многу е важен начинот на кој ние реагираме на нив.

6) Околу себе имаат доста луѓе на кои можат да се потпрат

Мудрите луѓе во тешки ситуации секогаш имаат на кој да му се обратат- било да е во прашање психолог, пријател или пак некој член од семејството. Луѓето кои се чувствуваат како да се сами на светот тешко дека ќе научат било што , бидејќи чувството на осаменост дејствува разорувачки на секого.

7) Мудрите луѓе се толерантни

Сочувствителноста е една од клучните компоненти на мудроста. Затоа, многу е важно да се ставите во кожата на другите луѓе, бидејќи на тој начин ќе се запознаете себеси и ќе видите кои ви се границите и како би реагирале доколку такво нешто ви се случи и вам.