Не сте задоволни со својот природен метаболизам? Ова се неколкуте стратегии кои ќе ви помогнат во еден ден да согорите повеќе калории од тоа колку вообичаено  трошите.

 

Дали може да се забрза метаболизмот?

 

Терминот базален метаболизам се однесува на количината енергија која ја трошиме само на оддржување на телесните функции, без дополнителените активности, како на пример дишењето или срцевите отчукувања. Мерењата покажале дека по правило оние кои имаат поголема тежина, трошат повеќе енергија за оддржување на функциите на телото. Тоа е затоа што тие имаат поголемо тело и поголеми внатрешни органи. Исто така, на базалниот метаболизам влијае и составот на телесната маса. На мускулите им е потребно повеќе енергија за функционирање отколку на маснотиите, па поради тоа како старееме губиме од мускулната маса и базалниот метаболизам се забавува. Според тоа, двајца со еднаква телесна тежина можат да имаат различен базален метаболизам доколку едниот од ниве мскулест, а другиот има повеќе маснотии во телото.

 

Секако, освен на основните функции, енергијата се троши и преку секојдневните активности. Колку ќе потрошиме енергија во текот на денот зависи од тоа колку сме активни. Честопати се случува дебелите луѓе да сметаат дека јадат многу малку, а и покрај тоа да не слабеат или да добиваат на тежина, па за тоа го обвинуваат ,,бавниот,, метаболизам. Но, истражувањата покажуваат дека луѓето секогаш јадат несвесно повеќе отколку што мислат. Најчесто поради тоа што забораваат дека консумирале некакви грицки или слично. А во деновите кога забележуваат што јадат повеќето ќе се одлучат за помала количина, а не за она кое просечно го внесуваат во организмот. Единствен потврден факт кога се работи за тежината е дека луѓето се дебелеат кога внесуваат премногу калории во организмот, отколку нему што му се потребни. Затоа најсигурниот начин за слабеење е венсувањето на помалку калории од потрошувачката. Сепак, забрзувањето на метаболизмот може да помогне во слабеењето.

Како да се забрза метаболизмот?

 

Бирајте ги протеините

 

Протеините се градбеното ткиво на мускулите. Колку повеќе мускули имате, толку побрзо ќе ги трошите калориите.

 

Намалете го стресот 

 

Невозможно е да се живее под стаклено ѕвоно, без грижи и стрес, но постојаната анкциозност го тера телото да произведува повеќе кортизол, а констатно високото ниво на хормонот на стресот во телото го менува начинот на кој телото ги чува маснотиите, испраќајќи ги на стомакот, каде делуваат негативно на виталните органи, но и на бикини самодовербата.

 

Бидете кардио фан

 

Една 45-минутна кардио вежба ќе ви го забрза метаболизмот за 37% во следните 14 часа. За време на вежбата се троши екстра енергија, а и по нејзиното завршување трошите повеќе калории отколку што би сте трошиле доколку не сте вежбале воопшто.

 

Јадете зеленчук и овошје

 

Супстанциите во зеленчукот и овошјето го одржуваат метаболизмот на високо ниво, додека маснотиите го забавуваат.

 

Што го забавува метаболизмот?

 

Прескокнување на оброците

 

Ако по цел ден постите или се изгладнувате, тоа не само што доведува до прејадување навечер, туку и до забавување на метаболизмот. Метаболизмот се забавува ако прескокнувате оброци, бидејќи она што го јадете телото го чува во маснотии наместо да го искористува, затоа што не знае кога ќе биде следниот оброк.

 

Староста

 

Метаболизмот се забавува со годините. Откако ќе ја преминете 30-та година од животот, тој секоја година опаѓа за 1%, што би значело дека или ќе морате годишно да го смалувате вносот на храна за околу 1% или да пронајдете начини за поголема потрошувачка.

 

Недостиг на активности 

 

Оние кои помалку се движат и кои не се занимаваат со некој спорт имаат во просек побавен метаболизам од оние кои имаат иста тежина со нив и години, но кои имаат поактивен стил на живот.

 

Недостиг на сон 

 

Истражувањата спроведени во САД покажале дека жените кои спијат премалку, помалку од 6 часа во текот на ноќта, имаат побавен метаболизам и се повеќе склони кон дебелеење. Организмот на оние кои помалку спијат едноставно ја чува енергијата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина