Потеклото на тиквата не е јасно дефинирано: едни велат дека е од Африка или Азија, додека други тврдат дека потекнува од Централна Америка, бидејќи во Мексико е пронајдено семе од тиква кое датира од пред 7.000 години пред нашата ера. Најпознатите видови тиква се: обичната маслена тиква, стамболката, хокаидото, аргентата и наполитаната. Тиквата го содржи реткиот витамин Т, кој ретко се наоѓа во другиот зеленчук, а кој го забрзува метаболизмот. Поради тоа е идеален режим за исхрана. И, што е најважно, толку е слатка, што може да го замени секој десерт. Жолтото и портокаловото месо од тиквата поради нутритивните вредности е исклучително благопријатно за организмот. Покрај малкуте количини на белковини, јагленохидрати и масти, таа содржи и витамини од Б-групата, витамин Ц, а поради витаминот А е важна за здравјето на очите.

Полно витамини

Во тиквата има и масла, пектин, белковини, манганови соли, белковини, фосфорна киселина, но и минерали, калиум, фосфор, калциум и железо. Може да се вари, пече, но и да се прави сок. Тиквата има помала количина белковини, јагленохидрати и масти, но има и витамин каротен, провитамини А, Ц, Е и К и витамини од групата Б, и тоа Б1, Б2 и Б6 и ниацин. Месото од тиква има само 26 калории на 100 грама, семките имаат 467 калории, додека маслото од тиква има 879 калории на 100 грама и затоа се препорачува за диететски режим на исхрана.

Силен антиоксиданс

Денес се знае дека бета каротенот, со кој тиквата изобилува, има повеќекратно дејство врз нашиот организам. Тој го блокира дејството од слободните радикали и така директно спречува да се оштетат клеточните ДНК структури и делува како силен антиоксиданс. Дневната доза е од 7 до 10 милиграми. Превентивно се користи затоа што го намалува ризикот од појавата на рак на грлото, желудникот и грлото на матката. Тиквата е одлична храна за дебелите луѓе, дијабетичарите и оние кои имаат заболени желудник и танко црево. Во народната медицина се препорачува како диуретик, посебно за оние кои патат од реума, гихт, воспаление на бубрезите или на мочниот меур.

Тиквата не се одгледува само поради плодот, туку и поради нејзините семки. Грицкањето на семките од тиква го снабдуваат организмот со омега-3 масните киселини, кои се познати чувари на срцето, но и за добро расположение. Тие ги олеснуваат тегобите кај заболените од простата, кои треба да го јадат секојдневно. При лупење на семето од тиква треба да се внимава да не се отстранува неговата сиво-зеленкаста кожичка во која има најмногу лековити својства.

Добра за менопауза

Во традиционалното исцелување, плодот се препорачува како диуретик, кај болни од гихт, воспаление на бубрезите и на мочниот меур. Против воспаление на јајниците и проблеми во менопаузата треба поредовно и во поголема количина да јадат и пијат сок од тиква, а забележано е дека тиквата добро делува и кај болните од псоријаза.

Семето од тиква се користи за лекување и на хипертрофирана простата, кога треба да се јаде секојдневно пресно. Маслото од семе од тиква содржи витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, К и минерали (калциум, магнезиум, калиум, цинк, како и доминантни минерални состојки). Содржи повеќе од 60% незаситени масни киселини и богато е сео белковини.Маслото од семето од тиква е богато со омега-3 масни киселини и омега-6 масни киселини, кои ја засилуваат енергијата на организмот, го регулира нивото на холестерол, го подобрува здравјето на репродуктивните органи и обезбедува убав изглед на кожата и подобра функција на централниот нервен систем.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина