Сигурно сте се запрашале- како славните личности успеваат да бидат толку витки и згодни каде и да се појават, во било кој период од животот? Се разбира, одговорот е правилна исхрана и редовно вежбање. Но, со каква правилна исхрана?

 Исто така,  многу жени од светот веќе со децении им завидуваат на Французинките, кои секојдневно јадат калорични кроасани и полномасни сирења, пијат врвни вина, а сепак имаат совршена фигура. Никому не му е јасно како успеваат да ја сочуваат својата витка линија покрај сите калориски намирници кои ги внесуваат и отпорот спрема вежбањето.

Големата француска тајна на виткоста лежи во Дукановата диета, која познатиот нутриционист др. Пјер Дукан и ја претставил пред многу години на француската јавност. Џенифер Лопез, Жизел Бундхен и војвотката Кејт Мидлтон (за да ги изгуби килограмите по бременоста) се само некои од познатите личности кои се верни поклонички на диетата на Дукан и жив доказ дека таа беспрекорно функционира. Нивните витки тела се само мотив да се осврнеме на оваа диета и да ја испробаме.

kejt-midlton

Дукановата диета се состои од четири многу различни програми за исхрана кои следат една по друга. На почетокот веднаш доаѓа до нагло губење на килограмите, а потоа следи едноставен режим на реална исхрана кој го спречува враќањето на килограмите.

Доктор Дукан вели дека за идејата на нискомасна диета со еден ден во кој се јадат само протеини дошол откако неговиот пријател го замолил да му осмисли план за исхрана за слабеење, со која нема да му се скрати конзумирањето на месо.

„Планот го осмислив така што пријателот требаше во следните 5 дена да не јаде ништо освен протеини и да пие само вода, а кога повторно дојде кај мене, ме замоли да се измери на вагата за телесна тежина, затоа што мислеше дека  вагата му е расипана.Двајцата се шокитравме кога видовме дека изгубил дури 4,5 килограми. Пријателот остана на овој план за исхрана и во следните неколку дена изгуби нешто повеќе од 2,5 килограми.“ – изјавил Дукан.

Следните 35 години Дукан експериментирал и ги истражувал принципите на исхраната , па ја усовршил диетата која дава добри резултати.

Со текот на годините му станало јасно дека броењето на калориите не помага од едноставна причина- нашиот мозок не работи на тој принцип. Броењето на калориите бара калкулирање, дозирање и порции, а творците на диетите не сметале на тоа дека ваквите диети треба да ги држат луѓе од крв и месо, полни со емоции и инстинкти, како и оние со најголем мотив дека би можеле на овој начин да ги изгубат килограмите, но поголемиот дел од нив пак ќе ги вратат.

Работата на лекарите не е завршена кога пациентите успешно ќе се ослободат од килограмите, бидејќи по некое време ќе се соочат со пациентите кои ги вратиле килограмите и добиле нови. Затоа, Дукан осмислил диета која трае цел живот. Доктор Дукан со текот на времето во диетата ги воведува клучните елементи на здравата исхрана. Ова е внимателно осмислено за после симнувањето на масните резерви да ја спречат одмаздата која намерава да ни ја приреди метаболизмот. Доколку ги следите наредните фази од планот ќе дојдете до здрав и нормален режим, со еден исклучок, морате да имате еден ден само на протеини- без овошје и зеленчук или некои други намирници. Дукан го препорачува четврток- секоја недела до крајот на животот- и ова е клучно за слабеењето.

Но , од што поточно се состои оваа диета?

ПРВА ФАЗА- ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД МАСНИТЕ НАСЛАГИ

Во оваа диета се почнува со нагло губење на килограмите за само неколку дена, кога не смее да се јаде ништо друго освен протеини. Оваа фаза, таканаречена ,,фаза на напад“,, трае од пет до десет дена, во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите. На пример, доколку сакате да изгубите шест килограми три до пет дена од оваа фаза ќе бидат доволни, но оние кои сакаат да симнат над 12 килограми, на пример, најдобар резултат ќе постигнат со десетодневна прва фаза.

Краткорочната исхрана богата со протеини ќе влијае на елимирањето на вишокот течности од организмот, ќе го намали апетитот(доколку јадете протеини текото произведува клетки кои го намалуваат апетитот) додека истовремено ќе ја задржите мускулната маса и здравиот изглед на кожата. Протеините се со релативно мала калориска вредност – во споредба со мастите и многуте јаглехидрати, а заради комплексната структура потешко се варат, Заради тоа, ќе согорите повеќе калории обидувајќи се да ги сварите протеините, отколку која било друга храна. Губењето на килограми е неизбежно и брзо. Во текот на оваа фаза, вежбањето не е препорачливо.

Во оваа фаза треба да се јаде- Пилешко и мисиркино месо, риба (најдобро плава морска), телешко месо, јунешко и јагнешко месо, обезмастено сирење и јогурт, бадеми. Дозволено е и свинско месо, но во помали количини.

Колку трае- 5 до 10 дена (се губат од 3 до 4.5 килограми)

ВТОРА ФАЗА- ДОЗВОЛЕН Е И ЗЕЛЕНЧУК

После фазата на напад, следува период во кој менито кое досега се состоеше само од месо, риба и немасни млени производи, може да се збогати со неограничени количини на зеленчук. Во овој период ќе губите до еден килограм неделно, ќе бидете здрави, среќни и сити.

Во оваа фаза се јаде- сите видови на месо, риба и млечни производи, како и во првата фаза, како и свеж и варен зеленчук и зеленчук на скара. Единствено не претерувајте со компирот.

Колку трае- колку сакате (неделно се губи околу еден килограм).

ТРЕТА ФАЗА- ВРЕМЕ Е ЗА ТЕСТЕНИНИ И ОВОШЈЕ

Кога ќе ја постигнете посакуваната тежина, почнува „фазата на зајакнување“, во која треба да почнете да ги јадете сите оние намирници кои за време на првите две фази од диетата ги избегнувавте- како на пример овошјето, лебот, сирењето,тестенините…. во оваа фаза во текот на неделата можете да си дозволите два наградни оброци со путер, леб, торта, колачи, чоколади, алкохол. Нема да губите килограми,но нема ни да се здебелите. Ако на овој режим на исхрана се придржувате пет дена, дополнително ќе го зацементирате претходното губење на килограмите.

Во оваа фаза се јаде- збогатете го менито со овошје, леб, тврди сирења, тестенини…Два пати неделно смеете да си дадете пауза и да се почастите со парче торта, колач, чоколадо, алкохол, калорично фрапе…

Колку трае– пет дена (не слабеете и не се дебелеете)

ЧЕТВРТА ФАЗА- ВОВЕДЕТЕ ПРОТЕИНСКИ ДЕН

Кога ќе ја стабилизирате тежината, влегувате во четвртата фаза која треба да трае до крајот на вашиот живот. Во нејзе е допуштено се, но со една напомена- еден ден во неделата засекогаш мора да биде протеински ден, ден во кој ќе јадете само протеини и ќе го изгубите се она што сте го наталожиле во текот на неделата.

Во оваа фаза се јаде- се што ќе посакате, со тоа што еднаш неделно смеете да конзумирате само протеини, како во првата фаза.

Колку трае– до крајот на животот (губите од половина до еден килограм неделно).

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.