Кога се работи за оплодувањето, неопходно на овој чин му претходи машкиот оргазам, но што се со женскиот? Ако женскиот оргазам не игра никаква улога при чинот на зачнувањето, единствениот одговор тогаш би бил дека тој е функционално вишок. Многу научници фактот што клиторисот, кој е задолжен за оргазмот, е сместен вон вагината, го објаснуваат со тврдењето дека еволуционално исчезнал. Поради тоа многу жени можат да доживејат оргазам само со стимулирање на клиторисот, но не и со секс. Истите тие научници сега тврдат и дека откриле која тајна се крие зад овој феномен, така што ги проучувале мајмуните и слични видови цицачи и дошле до заклучок дека женскиот оргазам служи за емотивно зближување на партнерите.

 

Мажјакот го започнува процесот на оплодување тала што прво ја стимулира женката, за да ја наведе да се согласи.

 

Кај луѓето тоа е малку поинаку, затоа што клиторисот и вагината се одделени, што не значи дека првиот може да исчезне. Иако оргазмот кај жените ја загубил својата биолошка функција, без клиторисот би бил загрозен опстанокот на човечката раса, според зборовите на Гантер Вагнер, еволутивен биолог на универзитетот Јејл.

 

– Тоа е затоа што пенисот и клиторисот настануваат од истиот дел на ембрионот. Кога со еволуција клиторисот би исчезнал, би исчезнал и пенисот – објаснува тој.

 

Значи, женскиот оргазам е, всушност, еволутивна трага, кој сепак има важна хормонска и психолошка цел, односно постои за да ги поврзе партнерите на емотивен план. Оргазмот кај жените буди желба за потомство и затоа е многу важен.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина