Тајландска чорба со кокосово млеко
Состојки:
- маслиново масло
- 2 главици кромид
- 2 – 3 супени лажици кари
- 3 поголеми домати (или 400 мл. домати од конзерва)
- кокосово млеко
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 лимета (2 – 3 лажици сок и рендана кора од лимета)
ПОДГОТОВКА:
Кромидот исечкајте го ситно и динстајте го. Додадете му малку вода за да не загори и 2 – 3 лажици кари. За тоа време, излупете ги доматите и исечкајте ги ситно и додадете ги минута – две пред да го додадете кокосовото млеко. Добро измешајте и оставете да зоврие. Потоа намалете го огнот, додадете ги сокот од лиметата и кората и шеќерот и варете уште неколку минути.