Свинската маст повторно е тражен деликатес во кој вреди да се ужива на традиционален начин. Во кулинарството свинската маст посебно се цени бидејќи е одлична за пржење, а месото нема да впие многу мрснотии и ќе биде исклучително вкусно. Многумина сметаат дека е совршена и за подготовка на киснато тесто. Таа може на темно и студено место да стои долго, без да се расипе, па поради тоа во минатото служела како природен конзерванс во кој се чувале месните производи.

Бирајте го природното

Пофалбите вредат само за домашната маст, која се добива од свиња која јаде природна храна и живее на полуотворен простор. Индустриски произведената маст не се препорачува, бидејќи многу често се хидрогенизира и е третирана со разни додатоци, како што се емулгатори,те а свињите потекнуваат од фарма на која масовно се одгледуваат јадејќи индустриска храна.

Кога станува збор за свинска маст, вообичаено се истакнува дека таа содржи ,,тешки,, заситени масни киселини, но малку се знае дека во неа преовладуваат незаситени масни киселини, кои се препорачуваат како најздрави мрснотии. Истражувањата покажале дека свинската маст има отприлика 40% заситени мрснотии, а 60% незаситени. Особено е богата со олеинска киселина, која делува поволно на васкуларниот систем.

Тајната е во умереноста

Се повеќе нутриционисти истакнуваат дека проблемот не е во свинската маст, туку во тоа што денешната исхрана е преполна со хидрогенизирани масти, рафиниран шеќер и адитиви. Секако, не треба да се претерува со свинската маст, исто како и со секоја друга намирница. Но, ако е произведена природно, секако може да ја збогати исхраната.

Од дамнина, свинската маст е позната и како природен лек за ублажување на кожни тегоби, дишни и ревматски болести. И денес се препорачуваат домашни балзами, облози и други лекови на база на свинска маст.

svinska-mast

 

Готвењето со растителни масла како сончогледовото ослободува токсични хемикалии, кои се директно поврзани со ракот и дури и со дегенерација на мозокот. Свинската маст, путерот, кокосовото и малсиновото масло се подобар избор, сметаат британските научници. Со нивното користење се создаваат помали количини алдехиди, а најздраво од сите нив е кокосовото масло. За време на загревањето на растителните масла, како што е пченкарното, сончогледовото, палминото и соиното се ослободуваат хемикалии наречени алдехиди, кои се поврзани со разни облици на рак и невродегенеративни болести како Алцхајмеровата болест.

Мартин Грутвелд, професор по биоаналитичка хемија и хемиска патологија од британскиот Универзитет ДеМонфорт рекол дека пржената храна, како риба и компири, содржи 100 до 200 пати повеќе алдехиди од дозволената дневна доза од страна на Светската здравствена организација.

Растителните масла се поврзани со срцевите болести, воспаленијата, високиот крвен притисок и менталните болести. Омега масните киселини во растителните масла ги истиснуваат важните омега – 3 киселини, кои се неопходни за мозокот да биде здрав, објаснува професорот Џон Стајн, професор на Универзитетот во Оксфорд. Тој смета дека недостатокот на омега – 3 масните киселини е важен причинител за настанокот на низа ментални проблеми и други проблеми, како што е дислексијата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина