Дали уживате да грицкате суви сливи? Ова слатко може да содржи опасни материи по здравјето. Еве што треба да се знае при нивното купување.

Сливите се сушат со најразлични методи. Содржината на шеќери во нив (гликоза фруктоза, сахароза и силиоза) е многу висока – 30%. Тие содржат околу 17 грама растителни влакна на 100 грама суви сливи. Од витамини најмногу содржат A и K, и витамини од Б групата. Од минералните материи најмногу имааткалиум, калциум и железо, па се сметаат за здрава намирница. Сепак, при нивното купување треба да се обрати внимание на амбалажата, со цел да се види дали содржат сулфур диоксид, кој преставува и средство за конзервирање, а тоа е всушност гас со кој се врши сушењето на овошје. Ако сувите сливи се купуваат од продавница за здрава исхрана, треба да биде назначено на нив дека не содржат сулфур диоксид. Ако не се оригинално спакувани, декларацијата на производот мора да содржи податок за групата производи, датумот на производство и рокот на траење.

Безбојниот гас сулфур диоксид се појавува како главен производ од горењето на сулфурот во фосилните горива. Се смета за еден од најчестите загадувачи на воздухот. Тој е нус-производ од работењето на автомобилските мотори и фабричките постројки и така ја загадува животната средина. Во прехранбената индустрија се применува како антибактериско средство или како воден раствор на сулфурната киселина и нејзините соли – сулфатите. Се користи како антиоксиданс кај некое овошје со цел да му се задржи светлата боја, бидејќи со темнење на тоа овошје му се губи и вкусот.

Главоболка, мачнина, зголемен притисок, црвенило, емфизем, конјуктивитис се само некои од тегобите кои ова средство може да го предизвика. Имено, сулфур диоксидот го напаѓа системот за дишење на луѓето и животните. Најзагрозени се болните од астма кога се работи за консумирање на сувите сливи кои содржат сулфур диоксид, бидејќи многу лесно може да добијат напад на т.н. сулфитна астма. Сулфур диоксидот и сулфатите се користат долго, но дури од неодамна се откри врската помеѓу овие соединенија и астмата кај чувствителните.

Сулфур диоксидот се наоѓа на листата на алергени кои, според директивата на Европскиот парламент, мора да биде јасно и видливо деклариран, со цел купувачите да бидат предупредени за состојката на храната која може да предизвика алергии или интолеранција на храната, дури и тогаш кога се наоѓа во многу мали количини (како на пример во адитивите, помошни додатоци во процесот на производството, ароми и сл.)

Од здравствени причини не е препорачливо да се пречекори дневната доза од 0,7 милиграми/килограми од телесната тежина. Но, производителите на храна должни се да го декларираат овој адитив како алерген само доколку во храната е додадено повеќе од 10 милиграми/килограм или 10 mg/L, иако и значително помали количини сулфур кај некои болни со астма може да предизвикаат напад на астма.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина