Сурутката е нус-производ кој настанува при производство на сирење и јогурт и во неа остануваат најдобрите и најскапоцени состојки во млекото: витамините Б и Е, минерали и млечен шеќер, кои се важни за градење на најфините врски во мозокот. Во последно време сурутката по малку е позаборавено богатство, а ова се причините поради кои треба да се пие овој древен лек кој го препорачувал уште и Хипократ.

Сурутката е благ и природен напиток сосема безбеден за употреба, поради што е соодветна намирница за исхраната од доенчињата до старост. Поради сличноста со мајчиното млеко, може да се користи како надоместок за млекото во исхраната на доенчињата.

За да се почувствува максимален ефект од овој скапоцен напиток, кој нашите баби го користеле како лек, консумирајте половина до еден литар сурутка дневно. Најдобро е да се пие наутро, на гладно, или со појадокот, но одличниот нејзин ефект ќе го почувствувате и ако го пиете во текот на целиот ден, со цел да се освежите и да ја вратите енергијата. Сурутката е добра да се пие зашто

 

1. …е најдобар природен лек за црниот дроб

 

Хепатитис, жолтица, црн дроб оштетен од алкохол и нездрава храна, цироза – не постои болест на црниот дроб кај која сурутката не може да помогне. Овој напиток содржи бета-лактоглобулин, кој го снабдува организмот со аминокиселини наречени БЦАА, кои помагаат кај понапреднати болести на црниот дроб, а на болните од цироза им помагаат да живејат подолго и поквалитетно. Ако сакате да го исчистите црниот дрб, најдобро што можете да направите е да посегнете по чаша сурутка.

 

2. …помага при слабеење

 

Сурутката содржи полно белковини, кои ја зголемуваат мускулната маса и даваат чувство на ситост, иако содржат мала количина калории. Во 100 грама сурутка има само 26 калории. Со оглед на тоа што е сиромашна со масти и калории, а богата со хранливи материи, сурутката е важен дел од редукцискаа диета и корисна е за секој кој сака да оддржува витка линија. Белковините во сурутката исто така го зголемуваат нивото на хормоните кои го намалуваат апетитот и така го ублажуваат чувството на глад.

 

3. …ги решава проблемите со запек

Сурутката брзински го поттикнува варењето и ослободува од непријатното чувство на надуеност и запек. Со оглед на тоа што има диуретски својства, треба да се внимава при консумирањето да не се претера, бидејќи може да предизвика пролив. Сурутката поседува млечна киселина, која го намалува прекумерниот број на габички и бактерии во цревата, а нејзината ниска PH вредност ја поттикнува работата на цревата.

 

4. …го намалува стресот и чувството на замор

Сурутката го поттикнува излачувањето на серотонинот, хормонот на среќа, и така го намалува чувството на стрес и хроничен замор. Содржи и алфа-лакталбумин, кој изобилува со есенцијалната аминокиселина триптофан, познат според регулирањето на сонот и подобрувањето на расположението.

 

5. …ги регулира зголемените маснотии во крвта

Сурутката им се препорачува на оние имаат проблеми со зголеменото ниво на маснотии во крвта, кое никако не може да се контролира со лекови или со ихрана. Имено, сурутката кај сите луѓе го регулира зголемениот холестерол и триглицериди по само неколку недели редовно консумирање.

 

6. …помага во градење на мускулната маса

Сурутката, и тоа онаа во прав, денес е можеби најпопуларна кај спортистите кои скапоцените својства на ова подзаборавено богатство во изобилство го користат за градење на мускулната маса, но и за закрепнување на мускулите по физичкиот напор, односно по тренинзите.

7. …го намалува крвниот притисок

Редовното консумирање на сурутка придонесува и за здравјето на кардиоваскуларниот систем, бидејќи го намалува нивото на гликоза во крвта и крвниот притисок и на тој начин го намалува ризикот од болести на срцето и крвните садови.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина