Голем број студии имаат изненадувачки малку докази дека кој било витамин или минерал спречува појава на болестите, освен ако не ги земаат оние луѓе кои имаат дефицит на истите во организмот. Според него, колку повеќе се проучува оваа област, откриваме дека суплементите немаат никаков превентивен ефект. Сепак, луѓето ширум светот купуваат разни суплементи со цел да го надоместат наводниот недостиг на витамини поради слабата исхрана. Многумина од нив сметаат дека препорачаната доза на суплементи е сосема безбедна. Но, тоа не важи за сите витамини и минерали.

Мултивитамини

Иако мултивитамините се најраспространетите суплементи, не постојат докази дека луѓето имаат било каква полза од нив. Француските истражувачи од 2010 година следеле 8.000 доброволци, кои во текот на шест години земале мултивитамини или плацебо пилули. Тие откриле дека оние кои земале суплементи имале поголем ризик да заболат од срцеви болести и канцер во однос на оние кои земале плацебо.
Една студија направена во државата Ајова во 2011 година, која го следела здравјето на 38.000 жени, открила дека оние кои редовно земаат мултивитамини имаат 2,4% поголеми шанси да умрат во текот на 19 – годишната студија. Нивното истражување покажало и дека витаминот Б6 го зголемува ризикот од смрт за 4,1%, фолната киселина за 5,9%, железото за 3,9%, магнезиумот за 3,6%, цинот за 3% и бакарот за 18%.

Витамин Ц

Докторитте се запознале со овој витамин во дамнешните педесетти години на 18 век. Тој помага да зараснат рани, да се зацрстат сврзните ткива и да се одржуваат здрави клетките. Сепак, не постојат докази дали е добар и во вид на суплементи. На некои тестирања докажано е дека го скратува траењето на настинките, но од друга страна е дефинитивно штетан во големи дози. Една студија во која учествувале 23.000 волонтери покажала дека оние кои земале големи дози од овој витамин почесто добивале камења во бубрезите во однос на оние кои не го земале овој витамин дополнително.

Витамин Е

Се наоѓа во јаткастите плодови, квасецот, пченицата и маслата, а е клучен за здравјето на клетките. Студиите покажуваат дека штити од срцеви болести, но нема докази дека тоа го прават и неговите суплементи. Американските истражувачи од Клиниката во Кливленд во 2011 година откриле дека мажите кои земаат по 280 милиграми од овој витамин секој ден, во текот на седум години, имаат за 17% поголем ризик да добијат рак на простатата во однос на оние кои не го земаат овој суплемент.

Калциум

Калциумот обично им се препорачува на средовечните и постари личности за заштита на коските. Постојат и докази дека тој може да го спречи настанокот на полипи во цревата – израслини кои можат да се претворат во канцер. Сепак, суплементите со калциум го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања кај мажите, според студијата спроведена од страна на американскиот Национален институт за проучување на ракот. Во истражувањето кое опфатило 38.000 луѓе, било откриено дека мажите кои земаат повеќе од еден грам суплементи дневно имаат поголем ризик од проблеми со срцето и 20% повеќе шанси да умрат од кардиоваскуларни болести.

Селен

Селенот е минерал кој се наоѓа во морските плодови, месото и житарките. Во мали дози претставува есенцијален минерал, но неговиот недостиг е поврзан со раната деменција, слабиот имунолошки систем и прераната смрт. Меѓутоа, иако ги спречува срцевите болести, премногу од овој минерал може да биде многу штетно. На мажите им е потребно само 0,075 мг дневно, а на жените 0,06 мг, кои ги добиваат од секојдневната исхрана. Но, поголемите дози се поврзани со појавата на дијабетес тип 2.

Бета – каротен

Бета – каротенот е пигмент кој им ја дава портокаловата и жолтата боја на овошјето и зеленчукот. Телото го претвора во витамин А, кој е од клучна важност за добар вид, здрава кожа и силен имунолошки систем.
Тој е природен антиоксиданс и обично се зема како превенција од рак, но не постојат докази дека има такво заштитно дејство. Од друга страна, докажано е дека е штетен во големи дози. Во 1994 година истражувачите откриле дека пушачите кои земаат повеќе од 20 мг бета – каротен дневно имаат 8% поголеми шанси да умрат од рак на белите дробови во однос на оние кои не го земаат овој суплемент. Освен тоа, бета – каротенот може да му даде на лицето портокалов тен и да биде поттикнувач на вртоглавици и болки во желудникот и зглобовите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина