Суплементите се дел од човековото секојдневие. Покрај редовните оброци, нема ој не посега по одреден суплемент за да надомести одреден недотиг од витамин или минерал, со цел да се подобри здравјето на организмот. Еве некои кои навистина можат да помогнат во тоа.

Омега-3 масните киселини ја спречуваат дебелината

Масните риби, како што се туната и лососот, содржат голем процент на омега-3 масни киселини, кои спречуваат инфаркт и дијабетес тип 2, а при тоа го подобруваат кардиоваскуларното здравје. Истражувањата со животни покажуваат дека омега-3 масните киселини спречуваат дебелеење и го поттикнуваат губењето на вишокот прекумерни килограми. Се смета дека на ист начин делуваат и кај луѓето. Тие го поттиснуваат апетитот, ги активираат промените во генетските активности, кои го регулираат трошењето на мастите, спречуваат нивно таложење и го поттикнуваат неговото трошење, зголемувајќи ја притоа потрошувачката на самата енергија.

Екстракт од свето растение во борба против маснотиите

Yerba maté (Мате) е свето растение кое расте во суптропските предели на јужна Америка, каде често се консумира како напиток во вид на чај. Слично на зелениот и црниот чај, чајот од мате растението ги содржи стимулансите кофеи, теобромин и теофилин. Едно бразилско истражување вршено врз подебели глувци покажува дека суплементацијата со мате ги намалила кај нив телесните масти како и нивото на холестерол и триглицериди во крвта, ЛДЛ холестеролот и гликозата. Чајот од ова растение ги активира гените кои играат важна улога во метаболизмот на мастите. Подеталните истражувања врз луѓето ќе покажат колку е ова растение навистина ефикасно кај човековата потрошувачка на мастите.

Екстракт од зелен чај за добра линија
Екстрактот од зелен чај (GTE) е популарен суплемент за зголемување на потрошувачката на енергија и масти како и за губење на килограмите. Научниците за овој ефект ги фалат полифенолите кои се наоѓаат во овој екстракт. Холандските научници дошле до заклучок по комбинирање на резултатите од 11 истражувања, дека екстрактот од зелениот чај го поттикнува слабеењето и одржувањето на телесната тежина по тој период. Еден просечен човек може да очекува да загуби од 1 до 1,5 килограм ако зема од овој екстракт, па од тука ова е само маргинален ефект на редукцијата на телесните масти.

Протеинот од сурутка го намалува шеќерот во крвта при одделни оброци

Диетите доведуваат до големи скокови на шеќерот во крвта (nа пр. диета со висок гликемиски индекс) и со тоа го зголемуваат ризикот од добивање дијабетес, дебелење и отпорност на клетките на инсулин (инсулинска резистенција). Канадските научници откриле дека суплементите од протеини од сурутка ја намалуваат рекаијата на шеќерот во крвта при оброк кој е богат со прости шеќери. Студијата исто така покажува дека со зголемување на протеинот од сурутка прогресивно се намалува нивото на шеќер во крвта. Од друга страна, студијата не дала резултати дали консумирањето на протеинот од сурутка во комбинација со оброк кој има висок гликемиски индекс го намалува ризикот од дебелеење или дали влијае на физичката способност.

Антиоксидансите го спречуваат оштетувањето на ДНК кај пилотите

Оштетувањето на ДНК како последица од влијанието на околината, како што е да речеме штетното зрачење од соцето, предизвикува предвремено стареење и дегенеративни боелсти, како што се канцерот и болестите на коронарните артерии. Пилототе се редовно изложени на јонизирачка радијација, која им ја оштетува нивната ДНК. Научниците од Центарот за контрола и превенција на болести откриваат дека пилотите кои внесуваат антиоксиданси (витамин Ц, бета-каротен и лутеин-зексантин) покажуваат помали оштетувања на ДНК како последица од штетните сончеви зраци в однос на оние пилоти кои не го прават тоа.

Суплементите на калциумот не поттикнуваат губење на килограмите

Неколку истражувања покажале дека постои поврзаност помеѓу ниското внесување на калциум и зголемениот ризик од дебелењње. Сепак, науката нема констатирано дали зголемениот внес на калциум поттикнување губење на килограмите. Двегодишните истражувања на Американскиот национален институт за здравје покажуваат дека 1500 мг. Калциум дневно во текот на две години немало никакво влијание врз телесната тежина кај дебелите луѓе. Иако калциумот игра важна улога во контролата на телесните масти, неговото зголемено внесување нема да ви помогне да ослабнете.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина