Иако секој орган во човековото тело е важен на свој начин, сепак белите дробови и црниот дроб навистина заслужуваат посебно внимание, бидејќи тие се најголемите чистачи на организмот. Меѓу бројните функции на црниот дроб е и таа да ја прочистува крвта, додека белите дробови земаат кислород, притоа филтрирајќи ги токсините од воздухот и исфрлајќи го штетниот јаглерод диоксид. Оддржувајќи го здравјето на овие два органи, ќе помогнете за снабдувањето на ткивата и клетките со здрава крв, која е богата со кислород.

 

За квалитетно работење и добра функција на црниот дроб и белите дробови исклучително важна е и храната која се консумира. Следниве групи на намирници имаат најсилен ефект кога станува збор за нивното чистење.

 

Намирници богати со бета – каротен

 

Во овошјето и зеленчукот со портокалова и црвена боја, како цвеклото, морковите, доматите, црвените пиперки, тиквите и сушените кајсии, се крие фантастичниот пигмент бета – каротен, кој го намалува ризикот од рак на белите дробови. Ова овошје и зеленчук содржи уште и глутатион, кој придонесува особено многу за детоксикација на најоптоварениот орган – црниот дроб.

 

Овошје и зеленчук со витамин Ц

 

Секое овошје или зеленчук кој изобилува со витамин Ц е одлично за детоксикација на организмот. Витаминот Ц делува така што го поттикнува лачењето на ензимите кои помагаат да се чисти црниот дроб, а во исто време придонесува белите дробови да го пренесуваат полесно кислородот во сите делови од телото.

 

Намирници кои изобилуваат со овој важен антиоксиданс се цитрусното овошје, како грејпфрутот, лимоните, портокалите, лиметите, но и јагодите и ананасот.

 

 

Храна која изобилува со омега – 3

 

Меѓу намирниците кои изобилуваат со омега – 3 масните киселини спаѓаат бадемите, пистациите, лененото семе, оревите, чиа семето и спанаќот. Овие масни киселини се особено значајни, затоа што ги намалуваат триглицеридите, со што помагаат во работењето на црниот дроб. Исто така, нивната сила се крие и во тоа што силно го штитат црниот дроб кај оние кои патат од вишок килограми и дијабетес.

 

Зелен лисјест зеленчук

 

Спанаќот, марулата, зелката, младиот лук, кељот, нането и коријандерот се најдобриот избор на лисјест зеленчук за чистење на организмот. Можат да се јадат сирови, бланширани или во облик на смути. Благодарение на содржината на калиум и магнезиум во нив, тие го подобруваат здравјето на белите дробови. Со оглед на тоа што изобилуваат со хлорофил, потпомагаат во чистење на организмот од тешките метали.

 

Ѓумбир

 

Благодарение на високата концентрација на гингерол, овој егзотичен зачин придонесува осбео многу за детоксификација на организмот. Неговите ензими за варење на храната помагаат да се отстранат натрупаните токсини во црниот дроб. Ѓумбирот исто така го стимулира варењето и циркулацијата на крвта, а со самото тоа придонесува за детоксификација на организмот. Тој влијае поволно и врз белите дробови, бидејќи ги елиминира полутантите од воздухот, кои стигаат до дишните канали.

 

Зелкари

 

Тука спаѓаат прокељот, зелката, кељот, брокулата и карфиолот. Со нивното консумирање се зголемува производството на глукозинолатот, кој помага да се отстранат токсините од организмот. Овој зеленчук содржи сулфур, супстанција која ги привлекува токсините и тешките метали, па придонесува за нивна елиминација. Сулфурот го поддржува и производството на глутатионот, кој ги намалува штетните ефекти на слободните радикали.

 

 

Лук

 

Благодарение на богатството од сулфур, алицин и селен, лукот го поттикнува производството на важните ензими во црниот дроб, кои придонесуваат за елиминација на токсините од организмот. Лукот делува противвоспалително, па помага кај астма, а покрај тоа го намалува и ризикот од појавата на рак на белите дробови.

 

Јаболки

 

Ова омилено овошје изобилува со пектин, витамини и флавоноиди, кои придонесуваат за чистење на црниот дроб. Флавоноидите и антиоксидансите го чуваат здравјето на белите дробови и на целиот респираторен систем.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина