Состојки:
  • 2-3 млади кромитчиња
  • 2 лажички масло од сусам
  • нерафинирана морска сол
  • 1 морков
  • 2-3 лажички тамари сос
  • 2 грста листови од темјанушки и десеттина цветови
  • црн пипер
  • кари
  • босилек

 

 

Подготовка:

 

Исецкајте го белиот дел од кромитчињата на кругови, а зелениот дел оставете го за подоцна. Пржете го белиот дел од кромидот 1 минута на сусамото масло, додавајќи малку сол. Морковот исечете го исто така на кругови со големина од 3 см, кои потоа ќе ги исечете надолжно на правоаголници. Додадете го вака исечениот морков кај младиот кромид и пржете ги заедно уште една минута. Потоа додадете им 3 шољи вода, оставете ги да зовријат и варете ја супата околу 15 минути, поклопена, на умерена температура. Водата малку ќе испари, а супата во исто време ќе стане и посолена и послатка. На крај, треба да останат 2 шољи вода од течноста. Оставете ја супата да се подизлади, околу 5 минути, а потоа додадете ги листовите од темјанушките и зелените делови од младиот кромид. Послужете ја супата со наросување цветови од темјанушки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина