Состојки:

  • 2 лажици путер
  • 2 лажички куркума
  • пола лажичка црн пипер
  • 1 и 1/12 лажичка ким
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сок од свежо исцеден лимон
  • 1/8 лажичка хималајска сол
  • 1 филџан ситно исецкан кромид
  • 0,5 кг. моркови
  • 2 чешниња лук (ситно исецкани)
  • ½ филџан павлака

Подготовка:

Морковте се чистат и се сечат на коцкички. Путерот се топи во тенџере на средна температура и му се додава кромидот. Се динста 2 минути на среден оган. Потоа се додаваат морковите и се истура еден ипол филџан вода. Се загрева додека да почне да врие. Се намалува огнот, се поклопува со капак и се остава да врие се додека морковите не омекнат во целост (околу 20 мин.).
За тоа време на кратко се пропржува кимот околу 4 – 5 минути во мала тава, на среден оган, додека не почне убаво да мириса. Потоа се тргаат од тавата и се мелат во воденица за кафе.
Супата се трга од огнот, се става во блендер и се меле додека да се добие воедначена смеса. Потоа супата се враќа повторно на оган. И се додаваат медот, солта, сокот од лимон, куркумата и црниот пипер. Супата се става во чинија и и се додава мелениот ким, кој претходно сте го измешале со павлаката.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина