Супа од домати и печени пиперки
Состојки:
- 750 гр. пелат од домати
- 1,5 филџани вода
- 2 црвени пиперки (бабури)
- 1 ситно исецкан кромид
- 3 чешниња лук
- маслиново масло
- 1,5 лажици оригано
- сол и црн пипер по вкус
- босилек или ситно сецкан магдонос
Подготовка:
Измијте ги пиперките и испечете ги на двете страни. Кога ќе се оладат, некаде по 10 минути, излупете ги и исецкајте ги на парчиња.
Во тава загрејте го маслото и додадете ги кромидот и лукот. Пропржете ги додека не омекнат, па додадете ги водата, пелатот, печените пиперки и ориганото. Поклопете ги и оставете ги да се крчкаат на тивок оган уште 10-15 минути. Потоа префрлете ги во блендер и измиксајте ги во компактна смеса. Посолете и додадете црн пипер. Супата ставете ја во чинија и одозгора наросете со ситно сецкан босилек или магдонос, а можете да полиете и со малку маслиново масло.