Состојки:

 

  • 2 краставици
  • 1 чешне лук
  • 5 дл. јогурт
  • половина шолја полномасно млеко
  • сок од половина лимон
  • лажичка сол

 

За кари маслото потребно е: 2 лажици маслиново масло, ½ лажичка кари зачин, ½ лажичка мелен ким, ¼ лажичка црвен пипер.
 

Подготовка:

Исечкајте ја краставицата на коцкички со големина 2 см и оставете го тоа за гарнир. Остатокот краставици исчекајте ги на парчиња. Во блендер ставете ги јогуртот, млекото, лимоновиот сок, солта и исечканите краставици. Мелете додека не добиете хомогена смеса. Добиената смеса ставете ја во длабока чинија и ставете ја да отстои 2 часа во фрижидер, да се олади.

Во меѓувреме, направете го кари маслото. Во тава ставете ги маслиновото масло, карито, кимот и црвениот пипер и пржете ги на тивок оган додека маслото не се загрее, а зачините не почнат да мирисаат. Тоа е околу 3 минути. Потоа тргнете ја тавата од оган и маслото процедете го низ цедилка.

 

Извадете ја оладената супа и одозгора ставете од кари маслото.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина