Потребни состојки:

1 лаж. маслиново масло
1 главица кромид
0,5 кг. смрзнат грашок
¼ тофу
1/8 лажичка црн пипер
¼ шолја свежи листови нане или босилек
2 и ½ лаж. сок од лимон
1 и ½ лаж. јаболков оцет
Подготовка:
Одмрзнете го грашокот и сварете го. Загрејте го маслото во тава, додадете го ситно исецканиот кромид и динстајте го 2 – 3 мин, додека не омекне. Додадете две ипол шолји вода и загревајте до зовривање. Тргнете ја тавата од огнот, со лажица изгмечете го тофуто и додадете го во водата. Потоа додадете ги сварениот грашок и црниот пипер и посолете по желба.
Сета содржина префрлете ја во блендер и миксајте ја додека не стане како пире. На крај додадете го нането и сокот од лимон. Оставете ја супата во фрижидер да се олади. Послужете ја студена, гарнирана со листови нане или босилек.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина