Совршен – рамен и затегнат стомак, кој секоја фигура ја прави привлечна, е украс и сон на секоја жена. Но, за да го оствариме, неопходно е да ја коригираме исхраната и да се фрлиме на вежбање.

 

Вежбите за стомачни мускули им се препорачуваат на сите, на било која возраст и со каква било кондиција. Овие вежби ја намалуваат количината на висцералната маст, која ги опкружува внатрешните органи, што исто така носи голема предност за организмот.

Затегнувањето на стомачните мускули не подразбира само лежење на подот, како што сме навикнати. Постои начин со кој можат да се прават вежби на многу позабавен начин.

Тоа се вежби кои се прават и во стоечки став и кои подеднакво се ефикасни, посебно за страничните стомачни мускули или т.н. ,,крофнички,,.

Обидете се да правите стомачни во стоечка положба и ќе се изненадите пријатно од резултатите. Мускулите многу брзо ќе го добијат посакуваниот облик.

Важноза време на изведувањето на вежбите грбот и рамењата држете ги право. Дишете правилно: при издишување правете напор. При вдишувањето опуштете се. Секоја вежба правете ја по 45 секудни.

Изведувајќи ги овие вежби секој ден, многу брзо ќе ги забележите промените на својата фигура. Мускулите ќе зајакнат, а стомакот ќе стане позатегнат. За изведувањето на сите овие вежби потребни се само 10 минути дневно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина