Солената соба е имитација на природна солена пештера и нејзината лековита микро клима. Солената соба дава смирување по тежок и напорен ден покрај ефектна расвета и медитативна музика во удобни релакс – столови. Ѕидовите, подот и таванот се обложени со сол, а воздухот е заситен со суви, распрскани, најфини честички од камена сол. Престојот во таквата атмосфера и вдишувањето на тој воздух, кои се познати низ историјата по својата лековитост, наречени се солна терапија или халотерапија.

Главна лековита состојка на солената соба се микро честичките на солениот аеросол, која ја носат кинетичката енергија добиена по дробењето во солен генератор. Халогенаторот ги испушта честичките на сувиот аеросол, кој негативно го јонизира воздухот и го заситува со елементи скапоцени за животот. Концентрацијата на микрочестички е многу поголема отколку на море или во солените пештери, а во солената соба се оддржува микроклимата на рудник за сол, со постојана температура, влажности јонизација на воздухот.

Кристалите од камената сол, како природни јонизатори, го подобруваат квалитетот на воздухот, бидејќи произведуваат негативни јони кои се наоѓаат само на море, кај слапови и по бура. Јонизираниот воздух има позитивно влијание на човековиот организам, доведува до психофизичка рамнотежа и помага за концентрација и работоспособност.

Што е тоа халотерапија?

 

Халотерапија (грч. Halo – сол) е метод кој се темели на дозиран престој во атрактивно дизајнирана солена соба изработена од природна камена сол, а која служи за третман на хронични и алергиски нарушувања. Потврдено е дека има одлично терапевтско влијание и лекување на астма и бронхии, го смирува и продлабочува дишењето, го забрзува движењето на дишниот епител и ги чисти дишните патишта, делува против воспаленија и алергии, го забрзува оксидирањето на серотонинот и ја регулира минералната урамнотеженост.

Халотерапија е:

  • нова гранка на спалеотерапијата,
  • потполно природна и без нус-појави, клинички испитана и потврдена како ефикасна,
  • се поврзува со биолошката обнова и здравствените рекреативни ефекти,
  • лекува разни болести, го јакне организмот и физички и психички,
  • ги олеснува и лекува респираторните и кожни тегоби,
  • ги прочистува дишните патишта,
  • помага кај алергии,
  • ја намалува склоноста кон настинки,
  • го засилува имунитетот,
  • ја редуцира долготрајната употреба на лекови,
  • ги олеснува менталните тегоби, како што се хроничен замор, исцрпеност, напнатост, стрес и несоница.

Аеросолот ги содржи следниве елементи:

  • ЖЕЛЕЗО составен дел на хемоглобинот, кој пренесува кислород до белите дробови и ткивата, спречува анемија, и ја подига отпорноста на организмот,
  • КАЛЦИУМ ја јакне отпорноста на организмот, нужен е за згрутчување на крвта, го одржува нормалното ниво на крвниот притисок и ја сламува опасноста од болести на срцето, здравјето на коските и забите,
  • МАГНЕЗИУМ важен е за третворање на храната во енергија и за создавање на белковините, ја намалува раздразнетоста,
  • БАКАР го подобрува метаболизмот, помага за создавање на хемоглобин во крвта, ја олеснува апсорпцијата на железото,
  • ЦИНК учествува во бројни телесни процеси, како што се раст и развој на коските,
  • ЛИТИУМ превенција од склероза, болести на срцето и дијабетес,
  • СЕЛЕН антиоксиданс, ги штити клетките и ткивата од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали, го јакне имунолошкиот систем, штити од стареење на кожата.

Солената терапија е соодветна и за возрасни и за деца, но и за бремени жени и постари лица. Третманот за возрасни трае 40 минути, а за децата – 20 минути. За целосн ефект од терапијата потребни се 10 до 15 третмани во континуитет.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина