Експертите откриваат зошто е тајмингот најважен во откривањето зошто се чувствувате лошо.

ГЛАВОБОКА

Наутро: Ако се разбудите со главоболка, може причина за тоа да биде апнеата за време на спиењето, за време на која ѕидовите на грлото се затвораат за време на спиењето и така го прекинуваат дишењето. Апнеата се карактеризира со рчење и може да предизвика повишено ниво на карбон диоксид во крвта, а тоа може да предизвика главоболка. Симптомите обично се влошуваат како што минува денот, но причина за главоболка можат да бидат и воспалени синуси.

Во текот на денот: Хроничните дневни главоболки можат да бидат предизвикани од претерано консумирање на кафе. Кофеинот е диуретик и предизвикува дехидратација, што може пак да предизвика главоболки.

Навечер: Кон крајот од денот, стресот и напнатоста во очите можат да доведат до интензивни главоболки. Мускулите во пределот на окото се преоптоварени поради целодневното зјапање во екранот од компјутерот, и тоа предизвикува силна главоболка.

КИВАЊЕ

 

kivanje

 

Наутро: Главна причина за утринското кивање се алергиите. Исто така тука се јавува како чест причинител престојот во климатизирани простории, што доведува со сушење на назалните патишта и предизвикува кивање штом ќе се разбудиме наутро.

Во текот на денот: Кивањето во текот на денот најчесто е предизвикано од некој вирус или од обична настинка. Може исто така да значи дека имате зголемена температура.

Навечер: Ако кон крајот од денот се влоши кивањето, може да значи дека имате поленска треска. Поленот се крева во текот на денот, а навечер се спушта на земјата и тогаш неговата концентрација е најголема. Треба поради тоа да ги држите прозорците затворени и често да се туширате, затоа што на тој начин ќе го измиете од себе сиот полен кој се залепил во текот на денот.

КАШЛИЦА

kaslanje

 

Наутро: Утринската кашлица може да биде предизвикана од хронична болест на дишните патишта, како што е бронхитис или емфизем на белите дробови. Оние кои патат од астма исто така го имаат овој проблем поради воспаление на дишните патишта.


Во текот на денот
: Кашлањето во текот на денот е типично за разни облици на настинка и вирусни инфекции. Ако кашлате по оброкот, причина за тоа може да биде рефлукс на желудникот, состојба кога течностите од стомакот се враќаат во грлото и со тоа предизвикуваат непријатно чувство на жарење и кашлица. Причина можат да бидат и лековите за крвниот притисок, кои обично треба да се земаат пред појадок.

Навечер: ноќната кашлица е вообичаена кај астматичарите, а 61% од заболените тврдат дека ова многу им смета во спиењето. Дишењето по природен пат се забавува за време на спиењето и така предизвикува помалку ефективен трансфер на кислородот во крвотокот и јаглерод диоксидот од него. Ова се случува кај сите, освен кај оние кои страдаат од астма и затоа на нив им е потешко да се борат со забавениот проток на воздух, што предизвикува кашлица. И спалните соби се преполни со прав, алергени, исто така и кадифените играчки и теписите, кои се преполни со нечистотии кои, можат да предизвикаат сериозни симптоми кај луѓето кои престојуваат кај нив.

ЧЕШАЊЕ

Наутро: Ако се разбудите со чувство на чешање и црвен осип, причина за тоа може да биде каснување од инсекти.

Во текот на денот: Чешањето може да биде знак дека страдате од соларна уртикарија – иритација на кожата предизвикана од изложеност на сонце. Антихистаминиците можат да помогнат, а симптомит можат да се ублажат со миење на кожата со студена вода.

Навечер: Ако чувствувате чешање, кој се влошува во текот на ноќта, можно е причина за тоа да биде некористењето на несоодветен детергент за перење. Ова е честа појава, бидејќи нашата кожа е во контакт со постелнината за време на ноќта. Затоа преминувањето на соодветен детергент може да го реши проблемот.

Чешањето и алергискиот дерматитис можат да бидат предизвикани и од пердувите во перницата и од материјалот на душекот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина