raknadojka1

Како да знам дали спаѓам во групата со висок ризик?

Секоја жена која има некој  на кој му е дијагностициран рак на дојка во блиското семејство пред да настапи менопаузата, или има повеќе членови од семејството кои страдаат од оваа болест, спаѓаат во групите со висок ризик. Овие жени би требало да почнат со мамографски прегледи од 30 години па натаму или можеби и порано, тоа варира од случај до случај и секако треба да се обратат за консултации кај својот лекар. Доколку не спаѓате во групата со висок ризик, со мамографија треба да започнете од 40 години па натаму.

Дали пилулите за контрацепција го зголемуваат ризикот?

Секоја поврзаност помеѓу анти-беби пилулите и карциномот на дојка е многу слаба. Вистината е дека поголеми дози на естроген го зголемуваат ризикот, но денешните пилули содржат многу помалку од овој хормон отколку порано. Сепак, жените кои ги земале овие пилули како средство за ублажување на пред-менопаузните симптоми не се испитувани, а со оглед на тоа дека ова се всушност и годините во кои постои најголем ризик од појавата на рак, би требало да се посоветувате со доктор околу земањето на пилулите.

Дали треба редовно да вршам самопреглед?

Секако дека самопрегледот не може да наштети, но експертите ширум светот се повеќе ја губат довербата во самопрегледот, Имено, истражувањата покажале дека со подигнувањето на свесноста за редовен самопреглед не е намален процентот на смртноста од оваа болест, па сега самопрегледот е опционална работа. Во секој случај, се препорачува да го изведувате бидејќи запознавањето на сопственото тело е секогаш добро, но не избегнувајте ниту посета на доктор.

Дали исхраната и вежбањето влијаат на ризикот од појава на болеста?

Правилната исхрана и редовното вежбање нема во потполност да го отстранат ризикот од добивање на рак на дојката, но можат да го намалат, покажале бројни истражувања. Исто така, се покажало дека жените кои пијат еден или повеќе пијалоци дневно имаат поголем ризик за добивање канцер за разлика од оние кои не пијат.

Која е разликата помеѓу скринингот и дијагностичката мамографија?

Скрининг мамографијата е снимање на здрави дојки, со цел предлед и евентуално откривање на рак. Од друга страна, дијагностичката мамографија се право кога веќе постојат одредени сомнежи за тоа дека некој има рак. Со скриниг снимањето се снимаат цели обете дојки, додека дијагностичката мамографија има точка на која се концентрира, а тоа е најчесто нешто што го напипал вашиот доктор, или некоја промена воочена на скрининг снимањето.

Колку често скриниг мамографијата ги открива сомнителните промени?

Отприлика околу 10 проценти од жените мораат да се вратат на дополнителни прегледи по скринингот. Од нив, само 8 до 10 проценти  завршуваат на биопсија, додека 80 проценти од биопсираните промени се бенигни. Исто така, имајте во предвид дека скрининг мамографијата често дава лажно позитивни резултати.

Дали зрачењето во текот на мамографијата може да предизвика рак?

Шансите за тоа дека мамографот ќе ви ги зголеми шансите за добивање на рак на дојка се минимални, а многу поголеми се шансите за тоа дека ќе открие рак и со тоа ќе ви го спаси животот. Мамографот употребува многу ниска доза на зрачење, па дури и трудниците можат да се снимаат со него доколку е неопходно и се разбира во таков случај се става заштита преку стомакот.