Факт е дека човекот не е само физичко суштество. Нашето тело се состои од повеќе нивоа – психичко, емоционално и духовно, кои исто така делуваат взр нашето здравје. Многу добро знаеме како нашата психичка состојба може да влијае врз нашето физичко тело. На пример, кога сме силно возбудени и окупирани со некоја идеја, тешко можеме да заспиеме, иако телото ни е можеби уморно и му е потребен сон. И, спротивно на тоа, кога ни е здодевно, ни се спие, без разлика на тоа дека сме се наспале и дека физичкото тело ни е одморно. Нашата психичка и емоционална состојба може да влијае врз физичкото здравје како на позитивен, така и на негативен начин. Исхраната е од пресудно значење за физичкиот слој на нашето тело. За умственото ниво мислите се од пресудно значење, а за психичкиот или духовниот развој чувствата имаат најважна улога. Сето ова е поврзано и не делува самостојно.

Па, доколку сакате да го подобрите своето физичко, психичко и духовно здравје, погледнете подолу како можете да го постигнете тоа.

Чистење на кожата

Почнете секој ден да пиете вода со лимон. Водата сама по себе го поттикнува елиминирањето на токсините од телото. Ако во неа додадете лимонов сок, кој изобилува со витамин Ц, ќе добиете напиток кој спречува да се појавуваат мозолки и акни и предвремено стареење на кожата.

Регулирање на PH вредноста

Иако можеби ви се чини дека лимонот има кисело својство, треба да знаете дека тој припаѓа во намирниците кои имаат алкално дејство. Со зголемено внесување на намирници со алкални делувања се намалува ризикот од настанок на низа болести и се отежнува преживувањето на разни патогени во организмот.

Јакнење на имунолошкиот систем

Калиумот од лимонот ќе го регулира крвниот притисок, ќе ја стимулира работата на мозокот и нервниот систем, а витаминот Ц ќе го намали ризикот од појавата на грип и настинки.

Поттикнување на слабеењето

Водата со лимон го забрзува метаболизмот, спречува да се појави копнеж по слатки и грицки, ја поттикнува елиминацијата на вишокот вода од телото и учествува во регулирање на апетитот.

Освежување на здивот

Зачинетата храна, пушењето и кафето можат да ја исушат устата и да предизвикаат непријатен мирис. Тука може да помоге водата со лимон, која во исто време ќе ја регулира и pH вредноста во усната шуплина.

Ја поттикнува работата на мозокот и нервниот систем

Поради високиот уддел на калиум, водата со лимон може да го намали ризикот од настанување на депресија, анкциозност и да ги подобри помнењето и концентрацијата, додека витаминот Ц ќе го регулира нивото на хормонот на стрес.

Ги ублажува симптомите на болестите на респираторниот систем

Водата со лимон има одлични антибактериски својства, го намалува ризикот од појава на инфекции и ги ублажува симптомите на веќе постоечките. Истражувањата покажале дека е одлична и за ублажување на симптомите на алергиите.

Ја потикнува работата на дигестивниот тракт

Ако често имате тегоби со дигестивниот тракт, гасови или запек, почнете секој ден да пиете вода со лимон. Таа ќе го поттикне варењето на храната, а првите резултати ќе ги забележите веќе по неколку дена.

Ги намалува воспаленијата

Истражувањата покажале дека нелекуваното хронично воспаление го зголемува ризикот од настанок на срцеви болести. Хроничното воспаление во телото предизвикува низа несакани симптоми, главоболки, болки и напнатост во мускулите. Водата со лимон има моќно противоспалително делување.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина