Многу личности, после наглото губење на килограмите имаат проблеми со вишокот на опуштена кожа, која претставува голем естетски роблем, како и претераната дебелина. Освен што жените после породување се случува да го имаат овој проблем, вишокот опуштена кожа често се поврзува со наглото губење на килограми по интензивни диети или пак оперативни зафати за намалување на желудникот заради претераната телесна тежина.

Кај бавното и здраво губење на килограмите, такви проблеми нема, бидејќи кожата има време постепено да се прилагоди на новиот телесен облик. Идеално би било неделно да се изгубат од 500 до 800 грама. Ваквата брзина на губење на килограмите не би смеела да остави никаков траг на кожата.

Што всушност се случува со кожата?

Кај личностите кои ќе изгубат повеќе од 25 килограми во кратко време, скоро секога може да се очекува вишок на опуштена кожа на поединечни делови на телото, како што се стомакоти долниот дел од грбот, надлактиците, бедрата, вратот, односно на деловите на телото каде најмногу се складирале мастите, и каде што се изгубиле во кратко време.

Но, и возраста , како и генетиката до одредена мера, играат улога до прилагодувањето на кожата. Имено, младите личности со подобри генетски предиспозиции имаат поголеми шанси кожата во едно догледно време да им се собере и да се прилагоди на новите пропорции, Кај личностите постари од 30, односно 35 години, оваа можност значително се смалува, односно процесот трае многу подолго или ако не се реши со одредени естетски зафати никогаш во потполност не исчезнува.

Исто така, на количината на кожа која останува по губењето на килограмите, влијае и нејзината природна еластичност, општото здравје и здравјето на организмот, па така и кожата, но и тоа колку долго телото се соочувало со прекумерна телесна тежина, заради која и кожата се растегнала. Колку пократко време некоја личност имала преголема телесна тежина, толку се поголеми шансите кожата да се врати во нормала, односно да се смали на потребната големина.

Грижата за телото, истовремено е и грижа за кожата

Сигурно барем неколку пати досега барем во документарните емисии на телевизија сте виделе како изгледа вишокот на кожа кај личности кои изгубиле многу килограми-50,70, па дури и повеќе. На жалост, на таквите личности во поголем дел од случаите им е потребна естетска операција за отстранување на вишокот кожа, за време на која се губат и дополнителни килограми, заради тежината на самата кожа. Но, за да не дојде до забуни, се рабоѕти за многу тешки зафати, кај кои опоравувањето е прилично тешко и болни, и се обавуваат кога нема друг излез или кога во краток рок се сака да се постигне резултат кој е неможно да се постигне по природен пат.

Секако, ако вие не спаѓате во оваа група, а имате проблем со вишок на опуштена кожа, постојат одредени трикови со кои можете вашата кожа да ја доведете во многу подобра состојба.

visok_koza_naslovna

1.Вежбајте

Ниту еден траен и потполно задоволителен резултат не можа да се постигне без вежбање, а еден од начините да ја зацврстите кожата е зголемување на тонусот на мускулите со дигање на тегови, При тоа, не мислиме дека морате да станете светски првак во бодибилдинг за да ги пополните сите празнини, но секако дека впечатокот за опуштена кожа многу ќе се намали до зголемување на мускулната аса, Немојте да заборавите дека вежбањето е добро за организмот, па тоа ќе ја намали и можноста од ново дебелеење, а здравиот спортски живот ќе ви пружи многу предности, како и здрава кожа и подобра нејзина еластичност.

2.Пијте многу вода

Сите знаеме дека кожата ја сака водата, а за да ја одржите здрава и еластична, да ги елиминираме штетните токсини од организмот и да и овозможиме природно опоравување, мора да конзумираме најмалку два литра дневно, а летно време и повеќе.

3.Масажа

Кај проблемот со вишок на кожа од голема помош може да биде и масажата, бидејќи таа ја враќа еластичноста на кожата. Исто така, секојдневната масажа ќе помогне и во развојот на мускулите. Купете креми и масажни масла кои ќе и помогнат на вашата кожа да се нахрани одвнатре, што ќе помогне во постигнувањето на посакуваните резултати. Ако на почетокот не сте сигурни што треба да правите, побарајте помош во салоните за нега на кожата, каде стручниот персонал ќе ви помогне во првите чекори на отстранување на вишокот кожа. Подоцна и самите ќе си ги продолжите третманите дома. Направете смеси богати со витамин Е, потоа смеса на база на глицерин, па уље од бадем, кокос, шеа путер. Туширајте се само со геловите за туширање кои во себе содржат природни масла.

4.Редовни пилинзи

Познато е дека со пилинг на кожата се отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата, а со тоа се поттикнува и нејзиното побрзо регенерирање. Деловите од телото со вишок кожа третирајте ги со лесен пилинг три пати неделно, што ќе овозможи брзо обновување на кожата, а при тоа и нејзино полесно собирање. Немојта да заборавите и по пилигот да нанесете хранлива хидратантна крема.

5.Здрава исхрана и додатоци на исхраната

Храната со малку заситени масти, шеќери и богата со витамини и минерали ќе помогне за општото здравје на телото, но и кожата. Набавете витамински додатоци за исхрана посебно наменети за кожата, што дополнително ќе помогне во поздрава и побрза регенерација на кожата. Јадете храна богата со омега-3 масни киселини, кои имаат посебно влијание на здравјето на кожата, ги намалваат кожните воспаленија и го поттикнуваат нејзиното побрзо обновување.

Запаметете дека се работи за многу бавен процес, а некои жени ќе мораат да се борат засекогаш со тој непосакуван вишок кожа. Но, ако веќе сте ослабнале толку килограми, значи дека имате воља во себе уште малку да се потрудите околу вашата кожа. Но, наоружајте се со трпение бидејќи овој процес веројатно ќе биде подолг и од самото губење на килограмите. Побарајте помош во салоните за убавина или пак од дерматолог, а на крајот секогаш можете да се одлучите за операција за отстранување на вишокот кожа, ако другите методи не помогнат или се незадоволителни.