Најосновниот закон кој што диктира дали ќе изгубите тежина или ќе ја зголемите е првиот закон на термодинамиката.Тој вели:Енергијата не може да се создаде или уништи,туку само се трансформира од еден вид во друг.Термодинамиката е многу сложена наука но,со неа доста лесно може да се објасни што се тоа калории.На крајот на денот вашата тежина зависи од бројот на калории што ќе го внесете и бројот на калории што ќе го потрошите .

 

Што се калории?

 

Калориа е едница за енергија.По точно една калориа е количество енергија кое е потребно да се подигне температура на еден литар вода за еден степен(Целзиус).Кога внесувате храна во вашиот организам ,вие ја внесеувате енергијата која е складирана во протеините јагленхидратите,мастите,и други делови .Вкупното количество на енергија кое се наоѓа во храната е претставено со бројот на калории кои се декларирани  на задната страна на пакувањето на храната.

 

 

Како нашето тело ги користи калориите?

 

Според првиот закон на термодинамиката нашето тело може да направи две работи со внесените калории:или да ги потроши или да ги складира.Кога внесуваме храна калориите во таа храна не можат да се уништат или да исчезнат,туку само можат да ја променат својата форма.Во храната калориите се складирани како хемиска енергија во врските на молекулите.Кога тааа храна ја внесуваме калориите се трансформираат во различни видови на енергија  кои нашето тело ги користи на дневна база.Тоа се електрична енергија топлинска енергија кинетичка енергија,или пак ако не ја потроши ја скалдира.Значи според првиот закон на термодинамика ако телото не ја потроши внесената енергија тогаш мора да ја складира.За жал тој ја складира како несакани маснотии а не како мускули.

 

kalorii2

 

 

Калориски правила за намалување и зголемување на килограмите

 

Постојат 3 основни калориски правила:

1.Ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, вашата телесна тежина ќе се зголеми

2.Ако внесувате помалку калории отколку што трошите, вашата телесна тежина ќе се намали.

3. Ако внесувате онолку калории колку што трошите, вашата телесна тежина ќе остане непроменета.

 

Човечкото тело постојано троши енергија.Тоа користи минимално за основните витални функции.Бројот на калории кои троши за овие потреби се нарекува основна метаболична стапка или метаболизам.За секоја друга активност која вие ја правите како на пример одење телото користи повеќе калории. Значи на крајот на денот вкупнот број на потрошени калории е збирот од основната метаболичка стапка и сите активности кои сте ги правеле во текот на денот.

 

Кога знаете колку калории трошите и колку калории внесувате во текот на еден ден лесно може да пресметате дали ги намалувате килограмите или ги зголемувате и со кое темпо.

 

На пример:Сте утврдиле дека внесувате 2000 калории а трошите 2500.

Значи јадете 500 калории повеќе отколку што трошите.

Колку брзо ги зголемувате килограмите?

Ако се земе во предвид дека во 1 кг на телесни масти има околу 12000 калории значи дека вашата тежина ќе се зголемува за еден килограм на секои 24 дена.

 

Доколку не знаете кои намирници колку калории содржат погледнете ја нашата нутритивна табела.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.