Човечкото тело е налик на една совршена машина, па затоа не изненадува фактот што во него се случуваат бројни процеси додека вежбаме. Ние сите знаеме дека физичката активност е многу добра за здравјето на телото, се случуваат одредени процеси во мускулите, на белите дробови им треба повеќе кислород, бројот на срцеви отчукувања се зголемува, повеќе се потиме, но знаеме ли што точно се случува со нашиот мозок  за време на вежбањето?

 

Рекреацијата и физичката активност отсекогаш се сметале за лек за различни здравствени проблеми, од  депресија и слаба меморија, се до ублажување на симптомите на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Но, истовремено, луѓето често немаат доволно информации и знаења за позитивните ефекти од вежбањето, како врз  физичкото, така и врз менталното здравје.

 

Сите ние сме свесни дека вежбањето ја гради мускулната маса и помага за зголемување на физичката кондиција, па така доколку редовно вежбаме, качувањето по скали ни станува се полесно со текот на времето, што е  добар показател за нашата физичка состојба. Од друга страна, поврзаноста на вежбањето со нашето ментално здравје, односно општото расположение и психичката состојба не е толку јасна и лесно воочлива.

 

 

 

Но, еве што навистна се случува. На почетокот на вежбањето  човечкиот мозок го препознава вежбањето како еден вид стрес. Со покачувањето на крвниот притисок, мозокот почнува да чувствува дека телото се бори  против некој непријател или бега од него, па за да ве заштити од стрес,  го лачи протеинот BDNF (Brain Derived Neurotrophic Factor), кој има заштитничка улога и влијае на обновувањето на  невроните.

 

Ова е причината поради која после  вежбање секогаш се чувствуваме полесно, појасно, а малку потоа чувствуваме и  среќа. Во исто време, мозокот ослободува ендорфин, хемиско соединение чија главна цел е да се бори против стресот. Научникот Мекговерн тврди дека токму ендорфинот ја намалува непријатноста за време на вежбањето и помага да се блокира чувството на болка. Сите овие факти укажуваат на тоа дека мозокот е значително активен за време на физичката активност кога стоиме воглавно,  за разлика од времето кога размислуваме, а телото ни е во седечка положба.

 

Единствениот проблем со лачењето на  протеините BDNF и ендорфинот е тоа што тие предизвикуваат одредено ниво на зависност, многу слично како што тоа го прават никотинот или морфиумиот. Но разликата е во тоа што зависноста од вежбање е многу покорисна за вас и вашето здравје.

 

Па затоа, уште денеска изберете  спорт по ваша мерка, започнете со физичка активност, откажете се од пороците и нека спортувањето и вежбањето бидат вашата зависност!

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.