Во неуронауката, храната е нешто кое се вика “природна награда“. За да преживееме, храната, сексот и грижата за другите мора да бидат ,,сласт за мозокот“, за да може таквите активности природно да се повторуваат. Слатките нешта се посебна сласт, но денешниот човек консумира шеќер, наместо природни слатки. Што му се случува на мозокот кога ќе остане без трошка слатка награда?

Мозокот работи така што кога ќе направиме нешто кое е уживање, невроните испуштаат допамин, и му даваат знак дека тоа нешто е добро. Така вашиот мозок е конкретно поврзан со движење на рацете кон уште едно парче торта. Науката верува дека на луѓето им е вродено да сакаат слатко. Кога нашите предци ќе наишле, да речеме, на некој вид бобинки во природата, слаткото би значело добро, а горкото – дека е отровно. Овошјето е најдоброто слатко, но денешниот режим на исхрана им дава предност на други облици на слатко. Денес, речиси е невозможно да купиме подготвена, спакувана храна во продавница која нема би трошка шеќер. Овие скриени шеќери се најопасни, бидејќи полека предизвикуваат чувство на зависност. На сличен начин како што дрогите како никотинот, кокаинот и хероинот делуваат на мозокот, шеќерот го бомбардира мозокот со чувство на сласт. Така со тек на време стануваат зависни, како и од секоја друга дрога.

Шеќерите често се кријат и во солената храна – како кечапот, разни намази и ајвар. И како и другите дроги, со тек на време ни е потребна ,,поголема доза,,. Доколку долг временски периос консумираме шеќер, толку повеќе ќе биде потребно да се отпушти допамин и да го почувствуваме повторно тоа чувство на сласт. Мозокот станува толерантен на шеќер, и ни треба повеќе за да го достигнеме ,,шеќерниот фикс,,.

Што се случува кога ќе престанете да јадете шеќер? Ништо посебно. Каква ќе биде реакцијата на организмот ако ги укините сите извори на рафиниран шеќер? Многу книги и научни натписи се имаат посветено на феноменот на шеќерната завсност, и она кое прво го чувствувате е чувството на силна желба да јадете нешто слатко, иако само што сте го изеле омилениот ручек, или сте веќе сосема сити. Некои луѓе пријавуваат дека имаат и физички реакции, како на пример нервоза, тресење на рацете и студена пот. Сепак, реакциите по “оставање” на шеќерот не е толку сериозна како симнувањето од дрога. Со тек на време таа желба слабее, а на некои луѓе им е доволно околу 40 дена за сосема да заборават на слаткото, додека некои не успеваат цел живот. Сосема е идивидуално.

Исто така, одвикнувањето од шеќерот бара голема промена во исхраната. Одбегнувањето на преработените куповни производи, солени и слатки, бара многу жртви и промени на животните навики. Но, со тек на време, телото и мозокот се навикнуваат, и се враќаат во состојба во која и слатките бобинки се доволни да ни бидат ,,природна награда“.

Тагови: мозокшеќер
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина